„Капетанот Леши“филм на режисерот Жика Митровиќ (кој е автор и на сценариото) од 1960 година. Главните улоги ги играат: Александар Гавриќ, Петре Прличко, Марија Тоциноски, Елма Карлова итн. Филмот е еден од најпопуларните и комерцијално најуспешните филмови во Југославија. Според жанрот, тој спаѓа во партизанските филмови, но режисерот настојувал да ги отстрани елементите од официјалната идеологија, а дејствието и ликовите да ги моделира според вестерните, ставајќи го нагласокот врз акцијата и хуморот. Покрај филмот, голема популарност стекнала и насловната песна, а потоа одредено време излегувал и истоимениот стрип. [1]

Синопсис

уреди

Рамиз Леши е партизански капетан од албанска националност кој има задача да ги ликвидира заостанатите балистички банди во Косово, во периодот по завршувањето на Втората светска војна. Меѓутоа, меѓу балистите се наоѓа и неговиот брат. Сепак, капетанот Леши успева да ги уништи балистичките одреди и својот брат да го врати на вистинскиот пат.

Наводи

уреди