Калојаново
Калојаново (бугарски: Калояново) — село во Јужна Бугарија, административен центар на општината Калојаново во Пловдивската Област. Има население од околу 2.547 жители (2022).[1]
Калојаново Калояново | |
---|---|
село | |
Поглед на католичката црква во Калојаново | |
Местоположба на Калојаново во Бугарија | |
Координати: 42°21′18″N 24°43′53″E / 42.355135° СГШ; 24.731412° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пловдив |
Општина | Калојаново |
Управа | |
• Градоначалник | Младен Кичев (СДС) |
Површина | |
• Вкупна | 34,589 км2 (13,355 ми2) |
Надм. вис. | 220 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2,547 |
• Густина | 74/км2 (190/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4173 |
Повик. бр. | +359 03123 |
Мреж. место | kaloyanovo.org |
Географија
уредиСелото се наоѓа во централнио дел на Горнотракиската Низина, на 24 километри од регионалниот центар Пловдив и на 157 километри од главниот град Софија.
Историја
уредиРегионот на денешното Калојаново бил дел од најраната државна организација на Античка Тракија — Одриската држава, основано во 5 век п.н.е од Терес I (480-440). Еден од првите центри на Одриската држава бил концентриран во Горнотракиската Низина. Остатоците од овој градски центар, во кој била изградена и царската палата, денес се наоѓаат во околината на Калојаново. Градот создаден во времето на Терес I постоел речиси два века. Подоцна во областа околу Калојаново постоеле тракиската населба Бендипара и римскиот Севериус.
Во средниот век, првите информации за Калојаново доаѓаат од софискиот католички епископ Петар Богдан Бакшиќ од Чипровци, архиепископ софиски во периодот 1646 - 1674 година. За време на османлиското владеење селото се викало Селџиково (Селџиќој) по локалниот феудал Селџик. Калојаново било ослободено од османлиската власт на 4 јануари 1878 година од страна на коњаниците на генералот Павел Карцов.
Преименувањето на Селџиково во современо Калојаново се случило во 1934 година. Изборот на новото име е во чест на бугарскиот цар Калојан
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |