Калдрма (Радожда)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Калдрма“
| |
Местоположба | 41°6′14″N 20°37′59″E / 41.10389° СГШ; 20.63306° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Радожда |
Општина | Струга |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Калдрма — пат од римското време во атарот на селото Радожда, Македонија. Се наоѓа на 300 метри западно од селото, на падините на Јабланица и води кон преминот Ќафасан. Трасата е поплочена со камени блокови и грижливо изведени рабови, а ширината изнесува 2,5-3 метри. Патот е сочуван и видлив во должина од 100 метри со прекини (31; 4; 19; 19; 21 метар), а потоа се губи во густото зеленило на планината.[1]
Поврзано
уреди- Св. Арангел — пештерна црква од доцниот среден век;
- Радожда; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 397. ISBN 9989-649-28-6.