Казанка
Казанка или Казансу (руски: Каза́нка; татарски: Казансу) е река во Татарстан, Русија, лева притока на Волга. Изворот на реката се наоѓа во близина на селото Бимери во Арскиот рејон и се влева во Кујбишевското Езеро во Казањ, во близина на Казанскиот кремаљ. Реката поминува низ градот Арск како и низ историскиот град Иске Казањ. Реката е долга 142 километри. Најголеми притоки на Казанка се реките Ија, Кисмес, Шимјаковка и Сула. Историски гледано, реката Булак се влевала во Казанка сè додека не била иградена браната во 1957 година. Во Татарстан, Казанка има статус на споменик на природата.
Казанка | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Кујбишевско Езеро, Волга |
Должина | 142 км |
Особености на сливот |
Казанка го дели Казањ на два еднакви дела. Во рамките на градот се изградени шест мостови, од кој најзначаен меѓу нив е Милениумскиот мост.