Кавалски Санџак
Кавалски Санџак (османски турски: Sancak-i/Liva-i Kavala) ― отомански санџак или лива, односно покраина од второ ниво, што го опфаќала регионот околу пристанишниот град Кавала (сега во Егејскиот дел на Македонија) во источна Македонија.
Кавалски Санџак османски турски: Liva-i Kavala | |||||
Санџак на Отоманската Империја | |||||
| |||||
Главен град | Кавала | ||||
Историја | |||||
- | Основана | пред 1588 | |||
- | Укината | ок. 1864 | |||
Денес во | Грција |
Историја
уредиГрадот веројатно паднал во рацете на Османлиите околу 1383 година, кратко по падот на Сер.[1] Во 15 век, Кавалско било познато по своето производство на житарки и свила, но главно по рудниците за сребро.[1]
Санџакот е споменат од Леунклавиј во 1588 година и повторно во седмиот том од патописите на Евлија Челеби како покраина на Островскиот Ејалет, но во петтиот том од истото дело едноставно како капетанија на Галиполскиот Санџак.[2] Во времето на посетата на Евлија Челебија, Санџакот содржел 12 зијамети и 235 тимари и бил поделен на седум кази.[1]
Во 18 век и првата половина на 19 век, Драмскиот Санџак бил дел од Румелискиот Ејалет;[2] неговите приходи обично му биле доделени на пашата на Солун, кој управувал со Санџакот преку фискален агент (мутеселим).[1] Со административните реформи од 1864 година, Санџакот бил укинат и вклучен во Драмскиот Санџак кој бил дел од Солунскиот Вилает. Градот Драма останал средиште на казата во новата покраина.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уредиИзвори
уреди- Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches [Покраините на Отоманската Империја]. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients, 13 (германски). Reichert. ISBN 3-920153-56-1.
- Beldiceanu-Steinherr, I.; Giannopoulos, J. G. (1978). „Ḳawāla“. Во van Donzel, E.; Lewis, B.; Pellat, Ch.; Bosworth, C. E. (уред.). The Encyclopaedia of Islam, New Edition, Volume IV: Iran–Kha. Leiden: E. J. Brill. стр. 776–777. OCLC 758278456. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help)