Васил К’нчов
(Пренасочено од К'нчов)
Васил Иванов К‘нчов (26 јули 1862 – 6 февруари 1902) — научник, географ, историчар и политичар од Бугарија, автор на многубројни географски истражувања на Македонија. Сомисленик на Прогресивно-либералната партија, во период од еден месец бил министер за образование и наука во првата влада на Стојан Данев (1902). Член е на Бугарската академиja на науките.
Васил К‘нчов | ||
Роден | 26 јули 1862 Враца | |
---|---|---|
Починал | 6 февруари 1902 Софија, Бугарија |
Тој бил типичен претставник на бугарската пропаганда во Македонија.[1] Учител е по хемиja во Солунската машка гимназиja (1888-1891), директор е на егзархиски училишта во серско (1891-1892), директор е и на Солунската гимназиja (1892-1893), главен училиштен егзархиски инспектор во Македонија (1894-1897). Автор е на научниот труд Македонија. Етнографија и статистика.
Библиографија
уреди- „Битолско, Преспа и Охридско. Патни белешки“ (1890)
- „Сегашното и недавното минато на градот Велес“ (1892)
- „Патување по долините на Струма, Места и Брегалница“ (1894-1896)
- „Татковинска географија“ (1895)
- „Положбата на Бугарите во Македонија“ (1895)
- „Политиката на турската власт спрема Бугарите во Македонија“ (1896)
- „Географија на Балканскиот Полуостров“ (1897)
- „Патни белешки од Македонија“ (1898)
- „Света гора“ (1896)
- „Македонија. Етнографија и статистика“ (1900)
- „Турција и Бугарите“ (1906)
- „Орохидрографија на Македонија“ (1911)
Наводи
уреди- ↑ стр: 39, Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, превод, редакција и предговор, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје, 2006.
Галерија
уреди-
Етнографска карта на Македонија, дело на Васил К’нчов од неговата книга "Македонија. Етнографија и статистика"
Надворешни врски
уреди- "Македонија. Етнографија и статистика", издание на Бугарското книжевно друштво, Софија, 1900. (бугарски)
- "Избрани произведения" том I, "Патување по долините на Струма, Места и Брегалница", "Сборник за народни умотворения", кн. X, XI, XII, XIII; 1894-1896 г.; "Битолско, Преспа и Охридско", "Сборник за народни умотворения", кн. IV, 1891 г. (бугарски)
- "Избрани произведения", том II, "Град Скопие. Бележки за неговото настояще и минало", "Периодическо списание", кн. LV —LVI, 1898, "Библиотека", II, кн. XIII, 1896; "Сегашното и недавното минало на град Велес", Периодическо списание, кн. XXXIX, XL, 1892. (бугарски)
- Маргарита Василева. Македонија во книжевното наследство на Васил К’нчов (бугарски)