Илија Антевски - Смок

(Пренасочено од Иљо Антевски Смок)

Илија Антески - Смок (Тетово, 25 јули 1919Тирана, 17 мај 1943) — македонски комунист, учесник во НОВ.[1][2]

Животопис

уреди

Во 1939 година се запишал како вонреден студент на Правниот факултет во Белград. Бил вработен во монополот во Тетово. Станал член на СКОЈ во 1940, а потоа, во септември 1941 година и член на КПЈ и на Месниот комитет во Тетово.

Од јуни 1942 година е принуден да живее илегално, а на почетокот на септември 1942 година заминува во партизани. Тогаш се приклучил на во Гостиварско-мавровскиот НОПО Кораб. Станува инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија под италијанска окупација и политички комесар на Мавровскиот партизански одред.

На 27 април 1943 година бил заробен во Ново Село од балистите, со уште девет други партизани.[3] Прво бил затворен во Гостивар, а потоа бил спроведен во Тирана. По кратко сослушување бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена во Тиранскиот затвор,[4][2] ноќта на 16 и 17 мај 1943 година.[5][6] Заедно со него, биле убиени уште пет македонски комунисти, заробени заедно со Илија Антески - Смок кај Ново Село.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 32–33. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  3. Гале Фиданоски „Априлскиот злостор во Ново село“, Гостивар, 1976.
  4. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 24. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. Димче Савевски, „Првоборецот и револуционер Илија Антески-Смок“, „Тетово и Тетовско во НОВ 1941–1945“, Тетово, 1991, кн. 2, 154-161 стр.
  6. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 64 стр.

Литература

уреди
  • Димче Савески, „Иљо Антески-Смок“, Центар за информирање и издавачка дејност Полог, Тетово, 1986.