Итар Пејо

(Пренасочено од Итроман Пејо)

Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни, кој е многу омилен меѓу младите читатели. Итар Пејо, некаде познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо-Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со извонредна итрина, снаодливост и воедно е претставник на македонската шегобијна мудрост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (обично турските големци), а неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насредин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување. Според некои кажувања, личноста Итар Пејо навистина постоела и била од мариовското село Градешница. Во многу македонски народни приказни со шеговити или сатирични мотиви и фабули, тој токму него редовно го надмудрува. Итар Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови.

Споменик на Итар Пејо на чешмата во старата прилепска чаршија
Благоја Спиркоски - Џумерко во улога на Итар Пејо

Итар Пејо во уметноста и во популарната култура

уреди

Постојат голем број прозни и поетски записи во кои како главен јунак се појавува Итар Пејо, а бил честа тема и на нашите хумористи и карикатуристи. Во 1977 година, МРТ снимила тв-серија, по сценариото на Миле Неделковски, а во режија на Коле Ангеловски. За Итар Пејо постојат преку триесетина приказни кои најпрвин ги има собрано писателот Стале Попов во збирката „Итар Пејо“. Во 1966 година, Славко Јаневски ја објавил поетската збирка „Евангелие по Итар Пејо“ во која се наоѓаат и песните „Итар Пејо за еден друг“ и „Световрашка“.[1]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966.