Итар Пејо (книга)
„Итар Пејо“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Стале Попов.
Содржина
уредиКнигата се состои од следниве раскази:[1]
- Каков бил Итар Пејо
- Облог
- Итар Пејо момок у попот
- Итар Пејо и гостилничарот
- Итар Пејо, Мариовците и дождот
- Мариовци-кршоборци
- Итар Пејо му вади заб на селанец
- Итар Пејо, Мариовците и маглата
- Рибина чорба
- Итар Пејо и Турчинот
- Итар Пејо лекува селанец укасан од змија
- Итар Пејо и владиката
- Итар Пејо и стариот арамија
- Итар Пејо и селаните риболовци
- Итар Пејо, Мариовците и часовникот
- Итар Пејо и горделивиот богаташки син
- Итар Пејо и неговите шуреви
- Итар Пејо и Насрадин-оџа
- Итар Пејо и берберот
- Итар Пејо, попот и алвата
- Итар Пејо во берберницата
- Итар Пејо - кадија
- Итар Пејо го надмудрува „горниот“
- Итар Пејо со туѓи чизми на оро
- Итар Пејо не гледа ноќе
- Итар Пејо кметува
Изданија
уреди- Во 1980 година, книгата била објавена како заедничко издание на издавачките куќи „Мисла“, „Култура“, „Детска радост“, „Наша книга“ и „Македонска книга“. Книгата била задолжителна лектира за учениците од второ одделение според наставниот план на основните училишта во СР Македонија. Автор на илустрациите е Александар Каевски, нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а книгата била испечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 20.000 примероци. На крајот на книгата се наоѓа поговор со наслов „Разговор за делото „Итар Пејо“ од Стале Попов“, дело на Елица и Атанас Николовски.[1]
- Заедничкото издание на „Мисла“, „Култура“, „Детска радост“, „Наша книга“ и „Македонска книга“ било објавено и во 1987 година, а книгата повторно била задолжителна лектира за учениците од второ одделение. И во ова издание, автор на илустрациите е Александар Каевски, нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, корицата ја илустрирала Бисеркa Перовкска, а на крајот на книгата се наоѓа поговорот на Елица и Атанас Николовски со наслов „Разговор за делото „Итар Пејо“ од Стале Попов“. Овојпат, ка книгата била испечатена во НИПРО „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница, Скопје, во тираж од 30.000 примероци. Книгата, со обем од 80 страници, е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје.[2]