Историја на Бурунди
Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.00 години[1], каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот[2][3] . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси[4] . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди,[5] кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување.[3][6] Кон крајот на 19 век истото се распаднало.[5]
Дел од темата Бурунди |
Рана историја |
Портал:Бурунди |
Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка.[7] Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија.[8] Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Урунди.[7][9] По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија.[8][10] По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.[11]
Наводи
уреди- ↑ Gates, H., Africana, p. 338.
- ↑ Gates, H., Africana, p. 338–9.
- ↑ 3,0 3,1 Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, p. l.
- ↑ Gates, H., Africana, p. 339.
- ↑ 5,0 5,1 „Burundi - Political System and history“. Institute for Security Studies. 2005. Архивирано од изворникот на 2011-08-23. Посетено на 2008-06-08.
- ↑ Eastern Africa, 1600–1800 a.d.
- ↑ 7,0 7,1 CIA - The World Factbook - Burundi Архивирано на 24 декември 2018 г. CIA. Retrieved 8 јуни 2008.
- ↑ 8,0 8,1 Burundi. U.S. Department of State. February 2008. Retrieved 8 јуни 2008.
- ↑ Weinstein, W., Political Conflict and Ethnic Strategies, p. 5.
- ↑ Cook, C., What Happened Where, p. 281.
- ↑ BBC, Country profile Burundi. Available from http://news.bbc.co.uk/2/hi/africa/country_profiles/1068873.stm (accessed on 29-10-08)(1)