Историски архив (Куманово)

историски архив во Куманово

Архивот во Куманово е основан во 1954 година. Денес дејствува како одделение во состав на Државниот архив на Македонија.[1] Под негова надлежност се општините: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Ова одделение работи во отежнати услови и во ненаменска зграда изградена кон крајот на 19 век, на ул. “Гоце Делчев” бр. 25 во Куманово. Особен проблем претставува сместувањето на архивскиот материјал.

Зградата во која е сместен архивот во Куманово, кој е одделение на Државниот архив на Република Македонија.

Работата на одделението

уреди

Одделението работи со 200 иматели. Тоа располага со 543 фонда и 8 збирки. Најстарите документи потекнуваат од 1870 година, а најголемиот дел од материјалот е создаден во периодот по Втората светска војна. Документите кои се чуваат во архивот во Куманово се со економска, социјална, културна и политичка содржина.

Одделението не располага со читална, а за таа намена се користaт работните простории.

Поважни фондови

уреди

Поважни фондови на одделенито во Куманово се:

  • „Градско поглаварство на градот Куманово“ (1918-1941)
  • Народноослободителни и народни одбори на општините Кратово, Куманово и Злетово (1944-1965)
  • Собранијата на општините Куманово, Крива Паланка и Кратово
  • Политичките организации (1945-1990)
  • Црковните фондови (1918-1941)
  • Семејните и личните фондови (1894-1946)

Одделението има постојана архивска изложба „Куманово низ документи и фотографии“.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 2016-01-18.