Истополов брак

(Пренасочено од Истополови бракови)

Истополов брак — државно, општествено или религиозно признаен брак во кој сопружниците се од исти пол и живеат заедно во семејство. Други изрази кои го имаат истото значење се „геј брак“, „лезбејски брак“, „хомосексуален брак“, или „еднаков брак“. Борците за правата на хомосексуалците особено го користат изразот „еднаков брак“, за да ја нагласат еднаквоста на бракот меѓу истите и различните полови.

Двајца мажи склучуваат брак во Амстердам во текот на првиот месец откако било овозможено склучување на истополови бракови во Холандија во 2001 г.
  Истополов брак

До денес, 24 земји го имаат законски овозможено склучувањето на граѓански брак помеѓу исти полови: прва била Холандија во 2001 г., а останатите се Белгија, Шпанија, Канада и ЈАР.

Во многу земји, иако не се дозволува формално склучување на брак, истополовите заедници се признаваат со различен степен на признавање на правата од семејниот живот (наследство, пензија, здравствено осигурување, посвојување на деца, и др.). Првата земја што ги признала заедниците на истополови партнери била Данска во 1989 г. Денес, под името граѓанска заедница, граѓанско партнерство, домашно партнерство, нерегистрирано партнерство, кохабитација и сл., заедниците на партнери од исти пол ги признаваат: Андора, Австралија, Германија, Данска, Колумбија, Исланд, Израел, Луксембург, Мексико, Нов Зеланд, Норвешка, Обединетото Кралство, Португалија, Словенија, Унгарија, Уругвај, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска, и неколку сојузни држави од САД.