Ирмингерово Море

море

Ирмингерово Морерабно море во Северниот Атлантски Океан.

Ирмингерово Море
Гратчето Тасилак, Гренланд на брегот на Ирмингеровото Море
Координати62°N 35°W / 62° СГШ; 35° ЗГД / 62; -35
Видморе
Сливни земјиГренланд, Исланд
Најг. должина480 км
Површина&10000000000000780000000780,000 км2

Наречено е по данскиот вицеадмирал Карл Лудвиг Кристијан Ирмингер (1802–1888), по кој е наречена и Ирмингеровата Струја.[1]

Географија

уреди

Северната граница на морето е Гренландско-исландското Возвишение на дното од Данскиот Проток помеѓу Исланд и источен Гренланд, кој го поврзува со Гренландското Море. На југозапад оди до ’ртот Фарвел (јужниот крај на Гренланд) и тука преоѓа во Лабрадорското Море. Јужно од ова место се протега отворениот Северен Атлатник. Морското дно на Ирмингеровото Море претежно лежи над Ирмингеровата Котлина, североисточниот продолжеток на Лабрадорската Котлина (најг. длаб. 4.600 м), кој на исток се граничи со Рејкјанешкиот Гребен. Ова разграничување е само океанографско и не ги претставува официјалните граници. Ирмингеровото Море е меѓу главните риболовни подрачја на црвениот костреш.

Ирмингеровото Море е долго 480, а широко 290 км во најтесниот дел.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kommandør Axel Fiedler: „Om Irminger Havets og Irmingerstrømmens navn“. Søværnsorientering Nr. 1, March 2003 PDFGoogle-HTML-Version

Надворешни врски

уреди