Ирина Василивна Фриз (украински: Ірина Василівна Фріз, руски: Ирина Васильевна Фриз; родена на 25 септември 1974 година во Евпаторија, Крим[2]) е украинска политичарка која била министер на тогаш новосоздаденото Министерство за ветерански прашања во владата на Гројсман од ноември 2018 до август 2019 година.[1][3] Таа била избрана во украинскиот парламент во 2014 година како член на блокот на Петро Порошенко и на украинските парламентарни избори за партијата Европска солидарност во 2019 година.[2]

Ирина Фриз
Ірина Фріз
Прв Министер за ветерански прашања
На должноста
22 ноември 2018[1] – 29 август 2019
Премиер Володимир Гројсман
Претходник Нема
Наследник Оксана Колјада
Лични податоци
Роден(а) 25 септември 1974(1974-09-25)(50 г.)
Евпаторија, Крим, Украинска ССР
Образование Национална академија за визуелни уметности и архитектура[2] (2003)

Животопис

уреди

Фриз од мај 2003 до март 2005 година била помошник на тогашниот пратеник во украинскиот парламент Петро Порошенко. Од март 2005 до август 2006 година таа била помошник секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и шеф на прес-службата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Од август 2006 година до мај 2008 година Фриз повторно била помошник-консултант во украинскиот парламент. Фриз работела за Советот на Националната банка на Украина од мај 2008 до јануари 2013 година.

Во изборната кампања на Петро Порошенко за време на претседателските избори во 2014 година, Фриз го предводела одделот за информации на изборниот штаб на Порошенко. Порошенко победил на овие избори и станал претседател на Украина во јуни 2014 година.[4] Фриз го следела Порошенко во Претседателската администрација на Украина, каде била шеф на Главниот директорат за јавни комуникации и информации и шеф на Главниот оддел за информатичка политика до декември 2014 година.

За време на парламентарните избори во октомври 2014 година, Фриз била избрана во украинскиот парламент на партиската листа (30-то место) на блокот на Петро Порошенко.

На 22 ноември 2018 година, парламентот ја назначил Фриз за министер на новосоздаденото Министерство за прашања на ветераните во владата на Гројсман.[1] Таа останала на функцијата министер сè додека не била воспоставена владата на Хончарук на 29 август 2019 година.[3]

На украинските парламентарни избори во јули 2019 година, Фриз била избрана во парламентот за партијата Европска солидарност.

Фриз е омажена и има два сина.

Соработка со НАТО

уреди

На 9 септември 2016 година, Ирина Фриз ја предводела Постојаната делегација на Украина во Парламентарното собрание на НАТО.[5]

На 9 ноември 2016 година, за време на состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел, Фриз презентирала видео за руските војници во Донбас, кое било специјално подготвено од меѓународната волонтерска заедница InformNapalm.[6]

На пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Тбилиси, Ирина Фриз известила за врските на Руската Федерација со терористичките организации на Блискиот Исток.[7]

Во ноември 2016 година, во Брисел, за време на состанокот на Меѓупарламентарниот совет НАТО-Украина, таа презентирала извештај за субверзивните информации и психолошките операции на Русија на друштвените мрежи.

Во октомври 2017 година, Фриз успеала да го организира Парламентарното собрание на НАТО за прв пат во Украина и тоа било одржано во 2020 година.[8]

Фриз е автор на законот за измени на законодавството за враќање на Украина на патот кон членство во НАТО.[9]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ukraine parliament appoints Markarova, Friz ministers, UNIAN (22 November 2018)
  2. 2,0 2,1 2,2 (на украински) MINISTER FOR VETERANS IRYNA FRIZ: WHAT IS KNOWN ABOUT HER, Pryamiy kanal (22 November 2018)
  3. 3,0 3,1 New Cabinet formed in Ukraine The Rada appointed the new Cabinet: Avakov and Markarova remained (РАДА ПРИЗНАЧИЛА НОВИЙ КАБМІН: АВАКОВ І МАРКАРОВА ЛИШИЛИСЬ), Ukrayinska Pravda (29 August 2019)
  4. Lukas Alpert (29 May 2014). „Petro Poroshenko to Be Inaugurated as Ukraine President June 7“. The Wall Street Journal. Архивирано од изворникот на 29 May 2014. Посетено на 29 May 2014.
  5. „Фріз очолила українську делегацію в Парламентській асамблеї НАТО“. Інтерфакс-Україна (украински). Посетено на 2021-12-08.
  6. „Меркель передали нову відеопрезентацію про російські війська на Донбасі“. www.unian.ua (украински). Посетено на 2021-12-08.
  7. „Україна передала ПА НАТО доповідь про зв'язки РФ з ІДІЛ і ХАМАС“. Українська правда (украински). Посетено на 2021-12-08.
  8. „Проведення в Україні Парламентської асамблеї НАТО є потужним сигналом, - Порошенко“. РБК-Украина (руски). Посетено на 2021-12-08.
  9. „Україна має стати членом НАТО, це посилить її безпеку і зробить країну успішною - Фріз“. Інтерфакс-Україна (украински). Посетено на 2021-12-08.
Политички функции
Претходник
За првпат создадено
Министер за ветерански прашања
2018–2019
Наследник
Оксана Колјада