Ирина Гатилусио
Ирина Гатилусио била византиска царица, сопруга на византискиот царот Јован VII Палеолог.
Ирина Гатилусио | |
---|---|
Византиска царица | |
На престол | 1399–1408 |
Роден(а) | 1333 |
Починал(а) | 1408 |
Сопружник | Јован VII Палеолог |
Деца | Андроник V Палеолог |
Династија | Палеолози |
Татко | Франческо II Гатилусио |
Мајка | Валентина Дорија |
Вероисповед | православие |
Ирина била ќерка на Франческо II Гатилусио, лорд на Лезбос и Валентина Дорија. По таткова линија Ирина била внука на византискиот цар Андроник III Палеолог и на Ана Савојска од нивната ќерка Марија Палеологина[1], која била мајка на Франческо II.
Ирина била омажена за втоиот свој братучед Јован VII Палеолог, кој бил син на Андроник IV Палеолог и на Кераца Бугарска.
Во април 1390 Јован VII Палеолог го детронизирал својот дедо Јован V Палеолог и владел како цар неколку дена од 14 до 17 април 1390, кога Јован V успеал да го врати повторно управувањето. Потоа Јован VII ја задржал титулата соцар и се населил во Силиври. Таму тој престојувал до инвазијата на Турците, на чело со султанот Бајазит I. По смртта на Јован V, престолот бил зафатен од чичко му на Јован VII, Мануел II Палеолог. Името на Ирина за време на овие настани не се споменува никаде, што дава причина да се верува дека е можно во тоа време таа сè уште да не била сопруга на Јован VII.
Во 1399 година Јован VII го презел управувањето на Контснтинопол како регент на Мануел II Палеолог, кој заминал на турнеја низ Западна Европа, каде барал поддршка против султанот Бајазит кој започнал опсада на Цариград. Во тоа време Ирина веќе се споменува како сопруга на регентот.
Јован VII останал на власт до враќањето на Мануел II во 1403 година. Тогаш Јован и Ирина биле протерани од Цариград, поради сомневањата дека планирале да го заземат престолот. Двајцата сепак ги задржиле царските титули и свој двор го статиционирале во Солун, каде што Јован умира на 22 септември 1408 година. Ирина го надживеала својот сопруг и се населила на островот Лемнос, каде се замонашила под името Евгенија. Датумот на нејзината смрт, 1 јуни 1440 година, е наведена во хрониката на Сфранцес. Таа била погребана во црквата „Свети Седржител“ во Цариград.[2].
Јован и Ирина имале еден син, Андроник V Палеолог.
Наводи
уреди- ↑ William Miller dates the marriage as "just before" the departure of the Comte de Nevers that month. (Miller, "The Gattilusj of Lesbos (1355–1462)", Byzantinische Zeitschrift 22 (1913), p. 414)
- ↑ Chronicle 24:3; translated by Marios Philippides, The Fall of the Byzantine Empire: A Chronicle by George Sphrantzes, 1401-1477 (Amherst: University of Massachusetts, 1980), p. 52
Надворешни врски
уреди- Marek, Miroslav. „Gattilusio family“. Genealogy.EU. Надворешна врска во
|publisher=
(help)
Ирина Гатилусио Роден(а): 14 век Починал(а): 1440
| ||
Претходник Елена Драгаш |
Византиска царица 1399–1408 со Елена Драгаш (1399–1408) |
Наследник Елена Драгаш |