Ило Виларов - Сокол

(Пренасочено од Ило Виларов - Соколот)
Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Ило Виларов - Сокол (11.08.1911 – 10.06.1943) е македонски партизан од Неготино.

Животопис

уреди

Неготино, град на крстопатите, на главните патни и железнички артерии низ кои во минатото течеле буици од народи е родното место на истакнатиот борец Ило Виларов Соколот. Летото на 11.08.1911 година во спомантиот град е роден Ило Виларов.

Мајка му на Ило се викала Петра. Родена е во село Вешје и умира млада кога Ило е сè уште дете.

Татко му на Ило се викал Јованче. Роден во Горни Дисан се занимавал со изработување на вили и метли. Од таму и доаѓа презимето Виларов. Јованче се приклучил во првата светска војна на стари години (имал над 40), заедно со Српските војници. Стигнал и до Марсеј. Франција. Јованче додека страдал на Македонскиот фронт, дома во родното место Неготино сами ги оставил својата жена Петра и двете деца Ило и Донка. По три години војна, во 1918 Јованче се вратил дома жив, но како инвалид.

Јованче за неговото учество во војната добил од српскивте власти земја, но на неа останува сам да ги одгледува двете деца.

Партизански денови

уреди

Ило Виларов немал ни полни две години кога Неготино било изложено на страданија и истребувања. Во 1915 година Неготино е боиште помеѓу Француската и Бугарската војска.

Ило Виларов израснал во високо момче. Снажен. висок, горостасен и јуначен работел од млад различни аргатски работи, како земјоделие или пак тутунарско производство. Ило Виларов бил исполнет со правдољубивост и хуманост, не можејќи да ја издржи окупацијата од бугарските фашисти која започнала во 1941 година и се раширала низ цела Македонија па така и во неговиот роден град Неготино, Ило е наполно свесен и определен против секаков окупатор и истата година е примен за член на КПЈ.

Во малата колона на првите неготинчани доброволци, која на 10 мај тргна кон Вишешница за формирање на партизанскиот одред, чекори и Ило. На тргнување само на својата жена и' рекол збогум и ги бакнал двете дечиња - едното на две по име Ванчо, а другото на четири години по име Лазо.

На првиот строј кој броел девеесеттина партизани од партизанскиот одред "Добри Даскалов" на Вишешница, на 14 мај 1943 г., Ило бил назначен за командир на една од двете чети на Одредот. Неговите воени квалитети, како решителен, строг и храбар борец и добар познавач на оружјето им биле познати на сите.

За потребите на консприрацијата, а и од потребната внимателност, секој партизан добил ново име. Ило Виларов и Најдо Стаменин добиле специфични имиња, Сокол и Орлов. Неслучајно овие двајца борци добија такви имиња. И едната и другата птица се опеани во народните јуначки песни. Тие симболизираа сила,вештина издржливост,снага и упорност. Од друга страна Ило и Најдо по својата физичка конструкција посебно се истакнуваа меѓу присутните борци.

Ило Виларов – Соколот храбро ја води четата во првите борбени редови во акциите во Гарниково, Драгожел и Бојанчиште на 18 мај 1943 година.

 
Биста на Ило Виларов - Соколот во град Неготино

Последни денови

уреди

По петнаесет дена движење, по петнаесет деноноќија, тој чувствува болки во стомакот.

Се разболуваат уште двајца од Одредот - Димката Ангелов - Габерот и Пано Мударов - Фрањо, па Штабот на Одредот решава на сите тројца да им се обезбеди сигурно место за престој и снабдување со храна во реонот во с.Галиште.

По неколку дена Штабот го испраќа и Јован Радњански - Планински да ги доведе поблиску до Кавадарци, за да може да им се помогне со лекови.

На 10 јуни 1943 година болните и Планински тргнуваат од една пештера кај Галиште кон Кавадарци.

Движејќи се денски по патот, по левата страна на Црна Река, на еден свиок кај Клинска Леса одненадеж ги пречекува дожд од куршуми и рафали од пушкомитралези.

Ило и Пано веднаш паѓаат мртви. Веста за смртта на храбриот партизански командир Сокол набргу ги смрачува од жал сите што го познаваа борецот за слобода и правда.

Постхумана чест

уреди
 
Награда „8 Ноември”

Денес месноста каде што се граничат кавадаречката и неготинската општина е позната како Ило Виларов. Во центарот на градот, поточно во градскиот парк е поставена биста, а во самиот град е именувана и улица во неговата чест.

Професорот, историчарот и публицистот Киро Андонов пишува книга за Ило Виларов издадена по повод на 51 годишнината од ослободување на Неготино и победа над фашизмот во која сведочат децата на Ило. Со овој ракопис Киро Андонов претставува романтизирана биографија за правоборецот Ило Виларов.

Приказот на неговиот живот е со многу нишки поврзан со општествените, економските и националните прилики во Неготино и пошироко во Македонија во кои живеел и се формирал како личност револуционер и учесник во Народноослободителната борба. Винаријата Стоби во негово име произведува полусуво вино од сортата Вранец која се одгледува во месноста Виларов, со моќни, силни и богати тонови и мирис на темно овошје, сливи и мали црвени бобинки.

Фамилијата Виларови е добитник на наградата „8 Ноември” по повод ослободувањето на Неготино доделена од Општина Неготино.

 
Вранец Виларов вино од Винаријата Стоби

Користена литература

уреди

Киро Андонов : Ило Виларов - Соколот, Општински Одбор на СБ од НОВ - Неготино, 1995 (Едиција : Светли ликови од ревулиционерното минато на Неготино)

Раде Гогов : Oрлов Раскажува, Кавадарци

Боро Чаушев и Лазар Калајџиски, Тиквешијата во НОВ 1941-1945 (Статија : Формирање на организацијата на КПЈ Неготино)