Илино (Прилеп)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Илино


Местоположба 41°20′40″N 21°33′20″E / 41.34444° СГШ; 21.55556° ИГД / 41.34444; 21.55556
Основни податоци
Место Прилеп
Општина Прилеп
Тип

 некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Илиноархеолошко наоѓалиште во градот Прилеп. Претставува средновековна некропола. Во непосредната близина на градот, во месноста наречена Шаторов Камен, на зарамнето плато со површина од 200 × 50 метри, се гледаат 6 гробни конструкции, кој биле откопани од жителите. Гробовите се градени од камени плочи, а како прилози биле најдени белезици од тордирана бакарна жица и друго. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Прилеп.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 309, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069