Рубенс Корубин
Рубенс Корубин (Прилеп, 1949) — македонски сликар.[1]
Рубенс Корубин | ||
Роден | 1949 Прилеп, СФРЈ | |
---|---|---|
Занимање | сликар |
Животопис
уредиКорубин е роден во 1949 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, а во 1976 завршил постдипломски студии во класата на Младен Србиновиќ. Зад себе има повеќе самостојни и групни изложби, како во земјата, така и во странство. Самостојно изложувал во Скопје, Сомбор, Белград, Битола, Прилеп и во Париз. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјата и странство. Корубин е автор и на два монументални мозаика: „Пелинце 2004“ и „Cupidae Legum Iuventuti“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Добитник е на пет национални награди, меѓу кои и Гран при на Зимскиот салон на ДЛУМ во 2005 година. Женет е со модниот творец и мозаичарка Лиле Корубин со која имаат два сина Дамјан и Михаил.[2] Живее и твори во Скопје.
Самостојни изложби
уреди1979 Скопје, Галерија ДЛУМ
1980 Сомбор, "Уметничка есен"
1980 Скопје, Културен центар на Град Скопје
1982 Белград, Уметничка галерија на кулутрниот центар
1985 Прилеп, Дом на културата Марко Цепенков
1985 Битола, Уметничка галерија Моша Пијаде
1985 Скопје, Уметничка галерија Даут Пашин Аман
1987 Belgrade, Уметничка галерија Атриум
1992 Скопје, Уметничка Gallery Даут Пашин Аман
1997 Париз, Уметничка галерија Le Lys
1998 Скопје, Уметничка галерија МАНУ
2001 Скопје, Музеј на Град Скопје
2010 Скопје, Културен информативен центар - Скопје "Месечеви приказни"
2011 Скопје, Канада, Безпала Браун Галерија "Уметникот и неговата муза"
Уметничките дела на Рубенс Корубин се дел од постојаната поставка на следниве музеи
уреди- Бања Лука, 30 години - Музеј of современа уметност Бања Лука, Босна и Херцеговина
- Национална галерија на Македонија
- Музеј на современа уметност Скопје Македонија
Монументи
уреди2004 Мозаик "Македонија" во Меморијалниот центар на АСНОМ - Пелинце
2006 Мозаик "Cupidae Legum Iuventuti" на Правниот факултет "Јустинајан Први" во Скопје
Наводи
уреди- ↑ „[ХУМАНИЗМОТ НА РУБЕНС КОРУБИН]“. Архивирано од изворникот на 2016-06-08. Посетено на 2014-12-01.
- ↑ ТОА СУМ ЈАС: ЛИЛЕ КОРУБИН: Каде и да си, за Божик дома да си[мртва врска]