Игор Филков
Игор Филков (р. 7 јуни 1979 во Скопје) — македонски политичар. Тој моментално е министер за правда и претседавач на Централниот одбор на партијата ЗНАМ.
Игор Филков | |
---|---|
Mинистер за правда | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Кренар Лога |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 јуни 1979 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Македонец |
Партија | ЗНАМ |
Вероисповед | Православие |
Животопис
уредиИгор Филков е роден на 7 Јуни 1979 г. во Скопје. Дипломирал на Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје, УКИМ, во период од 2000 – 2002, каде бил и Активист на Студентски Сојуз на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Бил Вработен во локалната канцеларија во Македонија за Косово, Логистика и набавка НВО Солидаритес – Solidarités International. Во период од 1997 – 2002 бил активист во Студентски Сојуз. Тој бил избран да ја извршува функцијата министер за правда во Кабинетот на Христијан Мицкоски како член на партијата ЗНАМ.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ radoslav.n.v@gmail.com (2024-06-15). „Игор Филков кандидат за Министер за правда и Горан Минчев кандидат за Министер за јавна администрација“. Движење ЗНАМ - За наша Македонија. Посетено на 2024-07-03.
- ↑ 360степени (2024-06-14). „Игор Филков за правда, Горан Минчев за администрација – ЗНАМ ги соопшти своите предлози за министри“. 360 степени. Посетено на 2024-07-03.
- ↑ Libertas, Libertas (2024-06-14). „Игор Филков и Горан Минчев министри од ЗНАМ во владата на Мицковски“. Либертас (англиски). Посетено на 2024-07-03.
- ↑ „ЗНАМ предложи министри - Филков за правда, Минчев за администрација“. Фокус (англиски). 2024-06-14. Посетено на 2024-07-03.
- ↑ Редакција (2024-06-21). „Кој е Игор Филков, кандидат за министер за правда“. еМагазин. Посетено на 2024-07-03.
- ↑ „ЗНАМ ги откри кандидатите за министерствата за правда и за јавна администрација, Игор Филков и Горан Минчев беа предложени министри“. Радио Лидер. Посетено на 2024-07-03.
- ↑ „Министерство за Правда“. www.pravda.gov.mk. Посетено на 2024-07-03.