За наша Македонија
Движење ЗНАМ - За наша Македонија (ЗНАМ) — македонска политичка партија со левичарска идеологија основана од поранешниот член на СДСМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
За наша Македонија | |
---|---|
Претседател | Максим Димитриевски |
Потпретседатели | Весна Бендевска Павле Арсоски |
Генерален секретар | Горан Минчев |
Основана | 9 октомври 2023 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | Популизам Левичарски Национализам Проевропеизам |
Полит. положба | Центар-лево |
Бои | Сина, бела и црвена |
Собрание | 6 / 120
|
Општини | 1 / 80
|
Мрежно место | |
dvizenjeznam.org.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Идеологија
уредиМаксим Димитриевски ги опишува неговите ставови како социјално и економски левичарски но национално десничарски од центарот. [1] Димитриевски рече дека главната цел на неговата партија ќе биде обединување на граѓаните и враќање на државата на вистинскиот пат кон темелите на нашата државност. Целта на партијата не е да биде опозиција, туку да ја освои власта, а првиот чекор од оваа позиција ќе биде укинување на последните измени на Кривичниот законик, донесени под „европско знаме“.[2] Димитриевски рече дека неговото движење може да ги привлече и подржувачите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но повеќето од нив ќе бидат неопределени граѓани кои не се занимавале со политика и имаат можности да ја покажат нивната работа".[2]
Историја
уредиНа 9 октомври 2023 година се одржа основачкиот конгрес на партијата ЗНАМ. На конгресот претставници на 10 граѓански здруженија потпишаа иницијатива за формирање партија.[3][4] За претседател е избран Максим Димитриевски, а како дел од претседателството се именувани Катерина Тодороска, Емил Јанески и Весна Бендевска. На 23 декември 2023 година, регистрацијата на партијата ЗНАМ беше завршена. Движењето ја објави својата намера да учествува на двојните избори во 2024.[5][6]
Резултати од изборите
уредиГодина на избори | Водач | Број на гласови | % на гласови | Број на мандати | +/– | Влада |
---|---|---|---|---|---|---|
2024 | Максим Димитриевски | 56.277 | 5,75 | 6 / 120
|
Власт |
- ↑ Latas, Dragan Pavlovic (2023-12-23). „ЗНАМ - Промовирана новата партија предводена од МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ“. Вечер, прв дознава. (англиски). Посетено на 2024-01-20.
- ↑ 2,0 2,1 promovirashe-noviot-politichki-subjekt-dvizhene-za-nasha-makedonija-znam/ „Максим Димитриевски го промовираше новиот политички субјект - „Движење за наша Македонија-ЗНАМ"“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). 360 степени. 2023-10-09. Посетено на 2024-01-20. - ↑ „ФОТО: Промовирана нова политичка партија ЗНАМ на Максим Димитриевски“. Нова Македонија. 2023-10-09. Посетено на 2024-01-20.
- ↑ /znam-na-maksim-dimitrievski-nova-politichka-partija/ „ЗНАМ на Максим Димитриевски - нова политичка партија“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Фокус (англиски). 2023-10-09. Посетено на 2024-01-20. - ↑ Ивановска, Кристина (2023-12-22). -dimitrievski-znam-ne-e-formirano-da-gi-spasi-sdsm-tuku-da-vovede-red-na-politichkata-scena/ „Максим Димитриевски: ЗНАМ не е формирана за да го спасува СДСМ, туку да воведе ред на политичката сцена - Слободен печат“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Слободен печат. Посетено на 2024-01-20. Занемарен непознатиот параметар|јазик=
(help) - ↑ -najavuva-svoj-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata/ „„ЗНАМ" најавува свој кандидат за претседател на државата“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Expres.mk (англиски). 2023-12-23. Посетено на 2024-01-20.