Игнатиј III (охридски архиепископ)
Игнатиј III — православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1693 до 1695 и од 1703 до 1703 година.[1]
Игнатиј | |
---|---|
Ракоположен | околу 1693 и 1695 |
Службата завршила | околу 1703 и 1703 |
Претходник | Григориј IV Зосим II |
Наследник | Герман Дионисиј II |
Лични податоци | |
Роден | 17 век |
Починал | XVIII век |
Други папи наречени Игнатиј |
Бил избран на 13 август 1693 година, детрониран на 9 јули 1695 година. Поранешен бератски митрополит. По втор пат се качил на престолот не подоцна од август 1703 година, кога испратил писмо до цариградскиот патријарх против претензиите на патријаршиските митрополити. Во 1706 година веќе бил поранашен архиепископ. Се покажал алчен за пари, почнал да сменува епархиски архиереи (пелагонискиот и дебарскиот), а нивните епархии ги продал на световни лица. Против него станал поранешниот архиепископ Герман. На соборот свикан во 1695 година за архиепископ бил избран Зосим II.[2]
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 194–195. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)