Ив Бонфоа
Ив Жан Бонфоа (Тур, 24 јуни 1923 - Париз, 1 јули 2016) – француски поет и историчар на уметноста.[1] Бонфоа исто така преведувал, издал бројни преводи од кои најзначајни му се драмите од Вилијам Шекспир кои се сметаат меѓу најдобрите на француски јазик.[1][2] Тој бил професор на Колеж де Франс од 1981 до 1993 година и е автор на неколку трудови за уметноста, историјата на уметноста и уметници како Жоан Миро и Алберто Џакомети.[2] Според „Енциклопедија британика“ Бонфоа е „можеби најбитниот францускиот поет на втората половина на 20 век.“[3]
Ив Бонфоа Yves Bonnefoy | |
---|---|
Роден | Ив Жан Бонфоа 24 јуни 1923 Tours, Франција |
Починал | 1 јули 2016 Париз, Франција | (возр. 93)
Алма матер | Универзитет Париз |
Родители | Мариус Ели Бонфоа Елен Мори |
Животопис
уредиБонфоа е роден во Тур, Ендр-е-Лоар, како син на Мариус Ели Бонфоа, работник на железницата, и Елен Мори, учителка.[4][5] Студирал математика и филозофија на универзитетот во Поатје и на Сорбона во Париз.[2] После Втората светска војна патувал низ Европа и Соединетите Држави и ја проучувал историјата на уметноста.[4] Од 1945 до 1947 година бил поврзан со надреалистите во Париз (краткотрајно влијание кое е најјако во неговото првоиздадено дело, „Расправа на пијанистот“ ('Traité du pianiste, 1946). Но со својот многу личен „За движењето и неподвижноста на Дув“ (Du mouvement et de l'immobilité de Douve, 1953), Бонфоа го наоѓа својот глас и со него неговото име е јавно забележано.[6] Стилот на Бонфоа е забележителен по лажната едноставност на неговиот речник. .[4][7]
Коментирајќи ја својата работа, Бонфоа рекол:
„Никој не треба себеси да се нарекува поет. Тоа е претенциозно. Тоа би значело дека тој што се нарекува така ги решил проблемите што поезијата ги претставува. Поет е збор што може да се користи кога се зборува за други, ако тој што зборува доволно нив ги обожува. Ако некој ме праша што работам, велам критичар сум, или историчар.“ [6][8]
Бонфоа предавал литература на бројни универзитети во Европа и САД (Универзитет Брандајс, Валтхем, Масачусетс (1962-1964); Универзитетски центар Венсан (1969-1970); Универзитет Џон Хопкинс, Балтимор; Универзитет Принстон, Њу Џерси; Универзитет Конектикат, Сторс, Конектикат; Универзитет Јејл, Њу Хевен, Конектикат; Универзитет Женева; Универзитет Ница (1973-1976); Универзитет Прованса, Екс-ан-Прованс (1979-1981); и Градски универзитет на Њујорк каде е прогласен за почесен член на Академијата за уметност и наука.[9] Во 1981 година, по смртта на Ролан Барт, ја држи катедрата за компаративна поезија на Колеж де Франс.[2]
Бонфоа починал на 1 јули 2016 година на возраст од 93 години во Париз. Претседателот Франсоа Оланд по смртта на Бонфоа изјавил дека тој ќе биде запаметен по „издигнувањето на нашиот јазик на највисок степен на прецизност и убавина“.[10]
Награди и почести
уредиВо текот на својот творечки живот Бонфоа добил бројни награди. Во 1971 година му била доделена „Награда на критичарите“. Десет години подоцна, во 1981 година, Француската академија му ја доделила големата награда, а во 1987 година ја добил и наградата Гонкур за поезија.[2] Во 1995 година ги добива Светска награда Чино дел Дука и награда Балзан (за историја на уметноста и уметничка критика во Европа), во 1999 година го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, а во 2000 година Големата награда на Масаока Шики Интернешенел Хаику. Во 2007 година ја добива наградата Франц Кафка, а во 2011 година ја добива Грифиновата награда за животно дело.[4] Во 2014 година ја дели поетската награда Јанус Панониус.[11]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Dictionary of Art Historians - Yves Bonnefoy“. Архивирано од изворникот на 2013-05-22. Посетено на 2017-01-01.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Yves Bonnefoy, Pre-Eminent French Poet, Dies at 93“. The New York Times. 6 July 2016.
- ↑ The Editors of Encyclopedia Britannica (updated 3 July 2016) „Yves Bonnefoy - French author“. Encyclopedia Britannica.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „2011 – Yves Bonnefoy“. Griffin Trust. Архивирано од изворникот на 2019-11-17. Посетено на 10 July 2012.
- ↑ Publications, Europa (1 January 2003). „The International Who's Who 2004“. Psychology Press – преку Google Books.
- ↑ 6,0 6,1 Shusha Guppy, "Yves Bonnefoy, The Art of Poetry No. 69", The Paris Review.
- ↑ Naughton, John (1984). The Poetics of Yves Bonnefoy. University of Chicago Press. стр. 43–. ISBN 978-0-226-56947-5. Посетено на 1 June 2013.
- ↑ Harry Eyres, "The quest of a lifetime", Financial Times, 31 May 2013. Retrieved 1 June 2013.
- ↑ „CUNY Academy for the Humanities and Sciences“. Архивирано од изворникот на 2016-09-25. Посетено на 2017-01-01.
- ↑ Grimes, William (6 July 2016). „Yves Bonnefoy, Pre-Eminent French Poet, Dies at 93“. New York Times.
- ↑ „Janus Pannonius Prize goes to Adonis and Yves Bonnefoy“. Hungarian Literature Online. September 4, 2014.
Надворешни врски
уреди„Ив Бонфоа“ на Ризницата ? |
- French Poetry since 1950: Tendencies I, by Jean-Michel Maulpoix, translated by Catherine Wieder
- Griffin Lifetime Recognition Award 2011 tribute (including video) Архивирано на 17 ноември 2019 г.
- CUNY Academy for the Humanities and Sciences Архивирано на 5 октомври 2011 г.
- Laurea Honoris Causa, Teoria e Prassi della Traduzione, Università di Napoli "L'Orientale" (video)