Иван Саморано
Иван Луис Саморано Самора (роден на 18 јануари 1967 година во Сантјаго) е пензиониран чилеански фудбалски напаѓач. Заедно со Марсело Салас и Елијас Фигероа, се смета како еден од најпрепознатливите фудбалери на Чиле.
Иван Саморано | |||
---|---|---|---|
Саморано во 2013 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Иван Луис Саморано Самора | ||
Роден на | 18 јануари 1967 | ||
Роден во | Сантјаго, Чиле | ||
Висина | м | ||
Позиција | Напаѓач | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1983–1988 | Кобресал | 31 | (8) |
1985–1986 | → Кобреандино (loan) | 29 | (27) |
1988–1990 | Санкт Гален | 56 | (34) |
1990–1992 | Севиља | 59 | (21) |
1992–1996 | Реал Мадрид | 137 | (77) |
1996–2001 | Интер | 101 | (25) |
2001–2002 | Америка | 63 | (33) |
2003 | Коло-Коло | 14 | (8) |
Вкупно | 490 | (233) | |
Репрезентација | |||
2000 | Чиле 23 | 5 | (6) |
1987–2001 | Чиле | 69 | (34) |
Успеси
|
Тој бил член на чилеанската репрезентацијата на Светското Првенство во 1998 година и на четири турнири на Копа Америка. Тој играл за неколку клубови, особено шпанските клубови Севиља и Реал Мадрид, како и италијанскиот клуб Интер. Тој ја освоил Ла лига во 1994-95 година и воедно бил најдобар стрелец во таа сезона со Реал Мадрид. Тој, исто така, го освоил УЕФА Купот со Интер. Моќен и плоден стрелец, тој бил особено познат по својата сила и способност во воздухот, каде што постигнал многу од неговите голови.[1]
Во 2004 година, Саморано бил избран од редот на ФИФА 100, список на најдобрите живи фудбалери во светот составени од страна на легендата Пеле.
Саморано бил нарекуван Бам Бам[2][3] и Иван Страшниот.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ „Lettere dal Sud America – Zamorano, il galantuomo“ [Letters from South America – Zamorano, the gentleman] (италијански). calciosudamericano.it. Архивирано од изворникот на 2017-11-08. Посетено на 3 December 2014.
- ↑ „Zamorano“. RealMadrid.com. Архивирано од изворникот на 23 September 2015. Посетено на 23 September 2015.
- ↑ „Los problemas económicos de «Bam Bam» Zamorano“. ABC (шпански). 17 September 2014. Посетено на 23 September 2015.
- ↑ „Iván el Terrible Zamorano“ (шпански). El Tiempo. 23 January 1992. Посетено на 23 September 2015.
- ↑ „Lord Bendtner, Kevin-Prince Boateng & the best royal XI in football“. 2 May 2015. Посетено на 23 September 2015.