Иван Петрович Ларионов (23 јануари 1830 во Перм22 април 1889 во Саратов) — руски композитор, книжевник и фолклорист. Во 1860 ја искомпонирал прочуената песна „Калинка“, која често, но погрешно се смета за руска народна песна.

Иван Петрович Ларионов

Иван Ларионов се родил во благородничко семејство во Перм на 23 јануари 1830 г.[1] Учел музика во Москва. Подоцна учел воено училиште и учествувал во ученичкиот хор, каде бил мошне успешен пејач, па така станал и диригент на тој хор. Потоа служел како офицер во пешадиски полк, и за тоа време искомпонирал неколку романси.

Починал од рак на желудник на 22 април 1889 г.[1]

Наводи

уреди