„Калинка“ — една од најпознатите руски песни на сите времиња. Погрешно е да се смета за народна песна, бидејќи е дело на композиторот и фолклорист Иван Ларионов (1830-1889), искомпонирано во 1860 г. За првпат е изведена во Саратов како дел од театарска забавна програма од истиот автор. Наскоро таа станала дел од репертоарот за хорски групи и се изведувала заедно со народна музика.

Листови на дрвото удика опеано во песната
Иван Ларионов

Во песната се опева растението удика (на руски наречено „калина“), со брз ритам и весел текст. Пејачите и и танчерите честопати се залудуваат при изведбата на оваа песна.

Текст

уреди

Руски:

Калинка, калинка, калинка моя,
В саду ягода малинка, малинка моя,
Под сосною под зеленою
Спать положите вы меня.

Ах! Сосенушка ты зеленая,
Не шуми же надо мной!
Ах! Красавица, душа девица,
Полюби же ты меня!

Македонски:

Калинка, калинка моја,
В садот јагоди, малинка, малинка моја.
Под борот, под зелениот,
Положи ме да спијам.

Ах! Ти зелен бору,
Не шумоли многу над мене
Ах! Убавица, душо моме,
Дај заљуби се во мене!

Снимка

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди