Иван Дудиќ (роден на 13 февруари 1977 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата како десен бек.

Претставувал неколку клубови, меѓу кои Црвена ѕвезда од Белград, Бенфика од Португалија и ФК Ујпешт од Унгарија. Тој бил репрезентативец за СР Југославија, со вкупно 7 натпревари, а учествувал и на УЕФА ЕВРО 2000 година.

Дудиќ играјќи за Ујпешт во 2008 година

Клупска кариера

уреди

Иван е роден во Земун. Тој започнал да игра фудбал некаде во 1995 година во екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Во првата негова сезона во клубот настапил само на еден натпревар кога екипата на Црвена ѕвезда завршила на второто место во лигата. Во наредната сезона немал настапи за тимот, а во 1997 година бил испратен на шест месеци како позајмен играч во ново промовираниот тим на Железник. Се вратил во Црвена ѕвезда во зимскиот преоден рок и настапил на шест натпревари до крајот на сезоната. И таа сезона екипата на Црвена ѕвезда завршила како второпласирана во лигата и тоа втор пат по ред. Неговиот пробив во кариерата стигнал дури во 1998 година на 21-годишна возраст, кога бил стандарден на сите натпревари во лигата во сезоните 1998-99 и 1999-2000. Во 2000 година заедно со клубот бил шампион на својата земја.

Неговите настапи привлекле внимание на тимовите од странство, при што екипата на Бенфика од Лисабон на 18 мај 2000 година потпишала договор за сума за која Рекорд објавил дека се движи околу 2 милиони евра.[1] Дудиќ бил гледан од Мишел Преудхом на два различни натпревари: првиот на 29 март 2000 година во квалификацискиот натпревар за ЕВРО до 21 година против селекцијата на Англија, и вториот на 2 април во вечното дерби против екипата на Партизан. И за двата натпревари Дуљај добил позитивни оценки од страна на Мишел.[1][2] Неговиот потпис требало да ја реши проблематичната десна бековска позиција во екипата на Бенфика на која настапувале Самуел Оконуво, Луис Андраде и Рикардо Естевес.[1] Дудиќ макотрпно се борел да ги исполни очекувањата. Одиграл само 20 лигашки натпревари и бил ставен на трансфер листата за наредната година.[3]

Тој одбивал да игра за екипата на Бенфика Б (втората екипа на Бенфика), велејќи: „Не ми е грижа за тоа! Јас сум играч на Бенфика, но сакам да играм во клуб кој ми дозволува да напредувам во кариерата“.[3] Подоцна признал дека добил интерес од екипите на Тотенхем, Лидс Јунајтед, Вест Хем и Евертон, но не можел да ја добие потребната работна дозвола во Англија,[4] па бил приморан целата сезона 2001-02 да биде надвор од терените и воопшто да не игра.[5]

На 14 август 2002 година, тој се договорил да игра како позајмен играч во тимот на Рад, клуб кој се натпреварувал во Првата лига на Србија.[4][6] Се вратил во Бенфика во јули 2003 година,[7] но бил ослободен дури на 29 јануари 2005 година, откако поминал 18 месеци надвор од теренот во резервниот тим.[8] Потоа, Дудиќ веднаш се приклучил на екипата на Монс и им помогнал да ја освојат белгиската Втора дивизија.[8] Подоцна, во кариерата, настапувал за екипите на Бежанија и на Залаегершеги во Унгарија. Кариерата ја завршил во тимот на Ујпешт, каде одиграл вкупно две сезони.

Репрезентација

уреди

Дудиќ одиграл шест натпревари за репрезентацијата наСР Југославија до 21 година во квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2000 година. Помеѓу тие 6 натпревари бил и плејофот против селекцијата на Англија кога неговиот тим загубил со резултат од 3:0.[9] Тој, на 25 мај 2000 година бил избран од тренерот Вујадин Бошков за пријателскиот натпревар против селекцијата на Кина. Тоа му бил прв натпревар за сениорската репрезентација на неговата земја. Само неколку дена подоцна, тој бил ставен во тимот за УЕФА ЕВРО 2000. На тоа првенство на 13 јуни го одиграл воведниот натпревар против екипата на Словенија кој завршил со резултат од 3:3. Неговиот последен настап за неговата репрезентација бил на 25 април 2001 година во натпреварот против репрезентацијата на Русија, на квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2002 година.[10]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ivan Dudic na Luz por 400 mil contos“ [Ivan Dudic at Da Luz for four hundred thousound contos]. Record (португалски). 18 May 2000. Посетено на 10 September 2015.
  2. „Benfica negoceia jugoslavo Dudic“ [Benfica negotiates with Yugoslavian Dudic]. Record (португалски). 10 May 2000. Посетено на 22 October 2015.
  3. 3,0 3,1 „Equipa técnica dispensa lote de seis jogadores“ [Technical staff demotes six players]. Record (португалски). 6 July 2001. Посетено на 22 October 2015.
  4. 4,0 4,1 „Dudic em entrevista: "Benfica sempre facilitou a minha saída" [Dudic in interview: «Benfica always allowed me to leave»]. MaisFutebol (португалски). 10 October 2002. Посетено на 22 October 2015.
  5. „Empresário diz que Dudic vai mesmo ficar no Benfica“ [Dudic's agent said he will stay at Benfica]. Record (португалски). 21 July 2001. Посетено на 22 October 2015.
  6. „U. Leiria quer Fernando Aguiar“ [U.Leiria wants Fernando Aguiar]. Record (португалски). 14 August 2002. Посетено на 22 October 2015.
  7. „Dispensados custam 3,6 milhões de euros“ [Released players save €3.6M]. Record (португалски). 23 July 2003. Посетено на 22 October 2015.
  8. 8,0 8,1 „Ivan Dudic no Mons“ [Ivan Dudic signs with Mons]. Record (португалски). 29 January 2005. Посетено на 22 October 2015.
  9. „England 3-0 FR Yugoslavia“. UEFA. Посетено на 22 October 2015.
  10. „Dudić Ivan“. reprezentacija.rs (српски). Посетено на 22 October 2015.

Надворешни врски

уреди