Иван Андреевски
Иван Дончов Андреевски (прекар:Јованичка) (21 декември 1922 во Кратово — 12 мај 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Иван Андреевски | ||
Роден | 21 декември, 1922 година Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 мај, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиКако младинец, со неполни 20 години, го напуштил родното место ѝ се вработил како месарски работник во рудниците „Злетово“ во Пробиштип.[1]
Како работник ја осознал и почувствувал социјалната угнетеност и националната неправда. Преку својата сестра Царка Андреевска се поврзал со комунистичкото движење. Во рудникот Пробиштип активно учествувал во подготовките на нападот на рудниците „Злетово“ во Пробиштип, од страна на народноослободителните единици, кој бил планиран да се изврши на 3 април 1944 година и придонел за успешното изведување на акцијата-нападот. По нападот на Пробиштип, Иван се нашол на листата за стрелање, но под среќни околности бил спасен. По ослободувањето на Кратово на 6 септември 1944 година стапил во единиците на НОВ на Македонија, сакајќи ја слободата и одмаздата на својата стрелана сестра Царка од бугарскиот фашистички окупатор. Станал борец во редовите на Треттата македонска народноослободителна ударна бригада, како командир на вод, до конечното ослободување на Македонија. По ослободувањето на Македонија со бригадата учествувал во битките за конечно ослободување на Југославија. Во борбите на Сремскиот фронт кај Ерденик, Бачинци, Шид и Врпоље се истакнал со личната храброст, за што е одликуван со Орден за храброст.[1]
Во борбите крај Врпоље, со својот вод, на кој бил водник, бил опколен од германските војски повеќе од 24 часа. Во таа борба, со уште многу свои другари, загинал ѝ Иван (Јованичка) на 12 мај 1945 година.[1]