Зоонози
Зоонози (грчки. zoon - животно и nosos - болест) се група на заразни болести кои се заеднички за луѓето и некои животни, а можат да се пренесат од животните на луѓето и обратно. Причините во преден план се меѓу животните и само повремено можат да се пренесат на човекот. Човекот може да се зарази со гризнување или со гребнување, потоа со контакт со секрет, измет, мокрача или преку храна. Главен резервоар за ширење на опасни зоонози се глодачите, шумските глувци и волови. Причинители на зоонози можат да бидат бактерии, вируси, паразити, габи, рикеции и приони.
Список на некои зоонози
уреди- Антракс
- Птичји грип
- Бруцелоза
- Ехинококоза
- Хистоплазмоза
- Куга
- Лептоспироза
- Лајшманиоза
- Q грозница
- Трихинелоза
- Туберкулоза
- Туларемија
- Кампилобактериоза
- Беснило
- Ебола
- Маларија
- Салмонелоза
- Токсоплазмоза
- Тифус
- Лајмска болест
- Шуга
„Зоонози“ на Ризницата ? |