Станко Караман бил основач на Природонаучниот музеј во Скопје, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк.

Станко Караман
Роден(а)8 декември 1889(1889-12-08)
Сараево, Австроунгарија
Починал(а)17 мај 1959(1959-05-17) (возр. 69)
Скопје
Занимањебиолог

Дошол во Македонија во 1924, работејќи на ихтиофауната и ја објавил својата студија Pisces Macedoniae. Објавил повеќе од 120 научни трудови во кои ја обработува таксономијата на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од новоопишаните видови и подвидови го носат името на Македонија, реката Вардар и големите планински масиви во Македонија. Опишал повеќе од 60 видови и подвидови. Основач е и на музејските списанија „Acta“ и „Fragmenta balkanica“.