Знаме на Лужичките Срби
Знаме на Лужичките Срби (горнолужички: Serbska chorhoj; долнолужички: Serbska chórgoj) – знаме на Лужичките Срби. Како и кај доста словенски знамиња и лужичкосрпското знаме има пансловенски бои, кои потекло имаат во пансловенското движење кое се појавило во 19 век во Европа.
Употреба | граѓанско знаме Симбол на Лужичките Срби |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 1842/1848 |
Опис | Хоризонтална тробојка сина, црвена и бела боја |
Историја
уредиЛужичкосрпското знаме за првпат се споменува во 1842 година. Во јуни 1848 година, на Првиот сесловенски конгрес во Прага, застапниците на Лужичките Срби за свој симбол го прогласиле сино-црвено-белото знаме.[1]
Нацистичката власт во Германија во 1935 година го забранила знамето. На 17 мај 1945 година била основана лужичкосрпската организација „Домовина ” која повторно почнала да го користи знамето.[1]
Во законодавството на Германија не се споменува знамето на Лужичките Срби, но советите на Котбус и Дрезден дозволиле нејзино истакнување во посебни прилики.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Лужицкие сербы: Тысяча лет противостояния ассимиляции“. Архивирано од изворникот на 28 мај 2013.