Златко Ѓелески (9 февруари 1986, Битола) – македонски писател, филмски, музички и книжевен критичар.

Златко Ѓелески
Роден 9 февруари 1986(1986-02-09)(38 г.)
Битола, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање писател, критичар, режисер

Животопис

уреди

Ѓелески завршил основно и средно училиште во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година.

Од 2011 година, Ѓелески е водител на филмската радио-емисија „Danse Macabre“ на „Канал 103“, а од 2020 година ја води специјализираната емисија за ТВ-серии „ТВ 103“. Освен тоа, тој е организатор на ревијата на хорор-филмови „Мрак Фест“, а одговорен е и за музичките изданија на „Мрак“.

Ѓелески бил член на жири-комисиите на филмските фестивали: „Синедејс“, „Македокс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“, „Филозофски филмски фестивал“ „Фестивал на планински филм ЕХО“[1] и „Флипбук филм фестивал“. Од 2017 и 2018 година е водител на емисиите „Видеологија“[2] и „Ревизија“ (на YouTube), а исто така, организира и мултимедијални забави со „Доминион Евентс“. Член е на жири комисијата на музичкиот фестивал „Лузер фест“ во 2022 година. Селектор е на македонската филмска селекција на фестивалот „Winter Apricots“ во 2022 година.  [3] Модерира проекции во склоп на фестивалите „Синедејс“ и ИФФК „Браќа Манаки“.

Покрај тоа, тој е член на Здружението за филм и филмска едукација „Крацери“, а во 2022 година бил селектор на Филмскиот фестивал на краток жанровски филм „Крацери“,[4] организиран од истоименото здружение.

Во јули 2023 година станал член на Националната секција од Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI).  

Творештво

уреди

Ѓелески има објавено три збирки раскази: „Морбидизам“ (2013)[5]Колекционерот на страв“ (2015) и „Понор“ (2019).[6] Неговите раскази се преведени и објавени на српски јазик, во неколку балкански антологии. Расказите му се наградени на неколку натпреварувачки конкурси и објавени во различни списанија и збирки, како што е расказор „Отпушок“, објавен во збирката „Очудувања 1-2“ (2018).[7]

Од 2008 година, Ѓелески се занимава и со филмска критика, како уредник и издавач на списанието „Кошмар“.[8]“ Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, музичките на „Плагијат“, а неговите филмски рецензии објавени во печатена форма во неколку дневни весници и списанија, како: „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“, „Стожер“[2] итн. Во 2021 година била објавена неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“.

Исто така, тој е режисер на краткометражните филмови „Од другата страна“ од 2013 година и „Мемоари“ од 2015 година, асистент во пост-продукцијата на краткометражниот филм „Центроид[9]“ во 2022 година. Во 2023 година го напиша сценариото и го режира третиот краток игран филм „Слобода“[3].

Награди

уреди

Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на 12-тото издание на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013 година. [10]

Библиографија

уреди
  • Морбидизам, (збирка раскази) 2013 година[11]
  • Колекционерот на страв, (збирка раскази) 2015 година
  • Понор, (збирка раскази) 2019 година
  • Видеологија (збирка филмски есеи и рецензии) 2021 година[12]
  • Мастерклас (збирка разговори со домашни режисери) 2022 година[13]
  • Видеологија 2 (збирка филмски есеи и рецензии) 2023 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 [1]https://www.ehofilmfest.mk/jury/glavno-zhiri
  2. „Zlatko Geleski - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2021-06-11.
  3. „Winter Apricots - На една недела до почетокот на Winter Apricots, се запознаваме со филмовите кои ќе бидат дел од него. Оваа година куратор на македонската селекција е писателот и критичар, Златко Ѓелески“. www.facebook.com. Посетено на 2022-12-21.
  4. v5byx1. „Нов жанр“. Kraceri (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2022-07-15.
  5. Koshmar (2012-07-23). „Koshmar: Морбидизам на Златко Ѓелески“. Koshmar. Посетено на 2021-06-11.
  6. „Понор“. Википедија. 2020-05-24.
  7. Очудувања 1-2, Бегемот, Скопје, 2018, стр. 140-153.
  8. „Koshmar“. koshmarmk.blogspot.com (англиски). Посетено на 2021-06-11.
  9. Stojanoski, Branko, Centroid, Mister Cat, Посетено на 2022-09-28
  10. „Златната ѕвезда на Синедејс ја доби филмот Во цут“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2021-06-11. Посетено на 2021-06-11.
  11. Koshmar (2012-07-23). „Koshmar: Морбидизам на Златко Ѓелески“. Koshmar. Посетено на 2021-06-11.
  12. „Златко Ѓелески кон „Видеологија": Критичарот не е должен да го негува егото или суетата на авторот“. Радио МОФ (англиски). 2021-06-30. Посетено на 2022-09-29.
  13. „Промоција на „Мастерклас: разговори со домашни режисери" од Златко Ѓелески во среда“. Радио МОФ (англиски). 2022-09-25. Посетено на 2022-09-29.