Земјотрес во Крајстчерч 2011

Земјотресот во Крајстчерч во 2011 г. e земјотрес со магнитуда од 6,3[1] што го погодил регионот Кантербери на Јужниот Остров на Нов Зеланд на 22 февруари 2011 во 12:51 ч. по месно време (21 февруари во 23:51 ч. по UTC).[1][9] со епицентар наделеку од населбата Хиткот Вели, 5 км северно од местото Литлтон[10]. Најпогоден бил градот Крајстчерч, каде земјотресот предизвикал големи разорувања на многу места и значаен број на смртни случаи. Според амбасадорот во Канбера, во земјотресот нема загинати Македонци[11].

Земјотрес во Крајстчерч 2011
Оштетената катедрала Крајстчерч
Земјотрес во Крајстчерч 2011 во рамките на Нов Зеланд
Епицантар на земјотресот
Датум 22 февруари 2011 (2011-02-22) во 12:51 ч. NZDT
Магнитуда 6.3 ML[1]
Длабочина 5 км
Епицентар 43°36′S 172°43′E / 43.60° ЈГШ; 172.71° ИГД / -43.60; 172.71
Хиткот Вели, близу Литлтон, Кантербери, Нов Зеланд
Зафатени земји/подрачја Нов Зеланд
Макс. јачина MM VIII[2]
НПЗ 1,88 g (град); 2,2 g (епицентар)[3]
Цунами 3,5-метарски цунами-бранови во Тасмановото Езеро; откршен дел од Тасмановиот Ледник[4][5]
Жртви 166 потврдени загинати[6]
над 200 исчезнати[7]
1500–2000 повредени (164 потешко)[8]

Ова е најголемиот последователен потрес како последица на земјотресот од 4 септември 2010 г,[12] но извесни аспекти се смета за засебен земјотрес. Аико е помал во магнитуда, овој земјотрес бил многу покатастрофален заради близината на епицентарот до Крајстчерч - епицентарот септемврискиот бил на длабочина од 11 км под површината, но овој бил само на 5 км. Февруарскиот земјотрес се случил вторник околу пладне, додека претходниот урдил во саботното предвечерие. Покрај ова, поради претходниот земјотрес, голем број објекти биле веќе структурно ослабнати.[13][14] Јачината на земјотресот во Крајстчерч изнесувала MM VIII.[2]

На денот на земјотресот премиерот Џон Ки изјавил дека бројот на загинатите изнесува 65, изјавувајќи дека 22 февруари „веројатно ќе биде најмрачниот ден за Нов Зеланд“.[15] Изутрината управникот на цивилната заштита потврдил 38 човечки жртви (што значи дека телата се препознаени и најблиските се известени).[16] Од непотврдени извори, се проценува дека во земјотресот загинале од 200 до 400 лица.[17] Градоначалникот Боб Паркер изјавил дека барем 200 лица се заробени во урнатините и дека исходот ќе биде доста лош.[18] Изутрината на 23 февруари премиерот прогласил сеопшта вонредна состојба.[19]

Се проценува дека штетата ќе ги чини осигурителните заводи 12 милијарди американски долари (16 милијарди новозеландски долари).[20]

Жртви, штета и други последици

уреди
 
Последица од ликвефакција на земјиштето.

Потврдени се 75 човечки жрви и се смета дека оваа бројка ќе расте.[21]. Според противпожарната служба, сè уште има многу заглавени лица во рушевините.[22] Во 17:00 по месно време е изјавено дека 80% од градот нема струја. Исто така се оштетени и воводовот и канализацијата, приморувајќи ги луѓето да штедат вода или да собираат дождовница. ВОнредната состојба траела неколку дена, а во зафатите учествувале и медицински лица од војската.

Оштетувањата на патиштата и мостоците ги отежнале потфатите за спасување на населението.[23] Порај ова, земјата претрпела ликвефакција и површински поплави.[24] Ликвефакцијата го надигнала асфалтот по патиштата, а од пукнатините извирала вода и песок.[25] ДОста автомобили се суриле со одрони од карпите и пропаднале во дупки.[26] Во централното подрачје два автобуса биле смачкани од паднатите делови од зградите.[27]

Оштетени објекти

уреди
 
Срушен трговски објект

Околу Катедралниот плоштад во центарот на Крајстчерч се срушиле разни згради. Катедралата Крајстчерч претрпела значајно оштетување и нејзината шилеста кула сосем се срушила.[28][29] Врвот на катедралата има паѓано и во претходни земјотреси,[30] но овој пат паднал многу поголем дел од земјотресот на 22 февруари.

Болницата во Крајстчерч била делумно евакуирана,[31] но набргу отворена за да може да ги лекува повредените. Во евакуацијата на централното градско подрачје учествувала и војската.[32]

Зградата на Кантербериската телевизија (Canterbury Television, CTV) била сосем разурната и полицијата изјавила дека во неа не може да има преживеани.[33]

Историската зграда на Покраинската комора на Кантербери била силно оштетена.[14][34]

Зградата на претпријатието Pyne Gould се урнала, со многу заробени лица. Катедрала на Светата Причесна исто така претрпела големи оштетувања.[35] Сериозно се оштетени и уште неколку цркви.

Следниот ден е утврдено дека хотелот Grand Chancellor (највисоката зграда во градот) е на работ да се урне.[36]

 
Оштетена баптистичка црква

Литлтон

уреди

Објектите во Литлтон претрпеле голема штета. Околу 60% од објеките на главната улица биле сериозно погодени.[37] Поголема оштета претрпела и часовната топка во временската станица, која претставува локална туристичка атракција. Меѓутоа во гратчето нема човечки жртви.[38]

Вон областа

уреди

При потресот се одрониле 30 милиони тони мраз од Тасмановиот Ледник (околу 200 км од епицентарот) и паднале во Тасмановото Езеро, погодувајќи ги туристичките бродови со бранови од 3,5 м во висина.[39]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Извештај за земјотресот во Нов Зеланд - 22 февруари 2011 во 12:51 ч. (NZDT)“. GeoNet. Комисија за земјотреси и GNS Science. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-23. Посетено на 22 февруари 2011.
  2. 2,0 2,1 „Литлтонски земјотрес, Нов Зеланд, Mw 63“. reactionsnet.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 22 февруари 2011. Text "Реакции - Глобално осигурување" ignored (help)
  3. „22 февруари 2011 - Крајстчерч е од земјотрес со јачина од 6,3 степени“. Geonet. GNS Science. 23 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-28. Посетено на 24 февруари 2011. (англиски)
  4. „ABC News - Trusted Source of Latest News & Headlines“. Australian Broadcasting Corporation.
  5. „Stuff“.
  6. „Земјотрес во Крајстчерч: Бројот на загинатите изнесува 166“. New Zealand Herald. 6 март 2011. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 2011-03-06. (англиски)
  7. „Stuff“.
  8. Земјотрес: Надежта згаснува по потрагата во капелата, Stuff, 24 февруари 2011 (англиски)
  9. M6,3 – Јужен Остров на Нов Зеланд, USGS
  10. „GDACS - Проценка на последиците: Зелена земјотресна тревога во Нов Зеланд“. GDACS. Глобален систем за тревога и усогласување при катастрофи. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-07. Посетено на 23 февруари 2011.
  11. Бојаџиевски, Јане (23 февруари 2011). „Стојановски: Нема загинати Македонци во земјотресот во Нов Зеланд“. Глас на Америка. Посетено на 24 февруари 2011. (македонски)
  12. Foley, Meraiah (22 февруари 2011). „Scores Killed in New Zealand Earthquake“. The New York Times. Посетено на 22 февруари 2011.
  13. „Сртоносниот земјотрес може да е предзнак“. The New Zealand Herald. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  14. 14,0 14,1 „Нов Зеланд е погоден од силен земјотрес со 65 загинати“. CBC. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  15. „проверено на 22 февруари 2011“. Stuff.co.nz. 4 септември 2010. Посетено на 22 февруари 2011.
  16. Земјотрес во Крајстчерч: Најнови информации, New Zealand Herald, 23 февруари 2011
  17. „Земјотрес во Крајстчерч: Бројот на загинатите може да надмине 200“. 3 News. Посетено на 22 февруари 2011.
  18. „Земјотрес во Нов Зеланд: 65 мртви во Крајстчерч“. БиБиСи Вести. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  19. „75 загинати лица. Објавена сеопшта вонредна состојба“. Television New Zealand. Посетено на 23 февруари 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  20. Ноа Бухајар, Џејкоб Гребер и Никола Саминатер (23 февруари 2011). „Земјотресот во Нов Зеланд може да биде најскапата катастрофа за осигурувањето од 2008 наваму“. Бломберг. Посетено на 24 февруари 2011.
  21. „Човечки жртви и раздор во земјотресот во Крајстчерч - stuff.co.nz“. 22 Feb 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-23. Посетено на 22 Feb 2011.
  22. „Центарот на Крајстчерч е погоден од огромен земјотрес“. Radio New Zealand News. 22 февруари 2011.
  23. Поднова од 16:54 на 22 февруари 2011. „Radio New Zealand : News : Земјотрес во Кантербери : Пожарникарите се борат да ги постигнат спасувачките задачи“. Radionz.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
  24. Подновено на 16:41 на 22 февруари 2011. „Radio New Zealand : News : Земјотрес во Кантербери: Отворени главните патишта до Крајстчерч“. Radionz.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
  25. 22 февруари 2011. „Земјотрес во Красјтчерч: Распослани мртви тела“. Star Canterbury. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 22 февруари 2011.
  26. „Земјотресот во Нов Зеланд заврши со 65 мртви и 100 исчезнати“. News.smh.com.au. Посетено на 22 февруари 2011.
  27. Џонатан Амос. „БиБиСи Вести - Земјотрес во Нов Зеланд: 65 загинати лица во Крајстчерч“. Bbc.co.uk. Посетено на 22 февруари 2011.
  28. „Голем замјотрес во Красјтчерч“. Dominion Post. 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-23. Посетено на 22 февруари 2011.
  29. „Земјотрес во Крајстчерч: Веројатно има заробени лица во катедралата“. Nzherald.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
  30. Eileen McSaveney. Оштетена шилестата кула на катедралата во Крајстчерч, „Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд“ - Министерство за култура и наследство. подновено на 3 декември 2010
  31. Radio New Zealand - 16:55 EST
  32. „Новости во живо: 6,3 степени го растресоа Крајстчерч, Нов Зеланд“. News Limited. Архивирано од изворникот на 2011-02-23. Посетено на 22 февруари 2011.
  33. http://www.stuff.co.nz/national/christchurch-earthquake/4692170/Christchurch-quake-toll-75-hundreds-missing Accessed 23 февруари 2011 4:44 PM NZT
  34. „Дузини загинати во „најмрачниот ден" во Нов Зеланд - ABC News“. abc.net.au. Посетено на 22 февруари 2011.
  35. „NZ Christchurch earthquake timeline from NZCity“. home.nzcity.co.nz. Посетено на 22 февруари 2011.
  36. „Christchurch's tallest hotel 'on brink of collapse'. 2011-02-23.
  37. „Голем број на загинати во земјотресот во Крајстчерч“. Radio New Zealand. 22 февруари 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  38. Николас Џонс и Амелија Вејд. Земјотрес во Крајстчерч: Пристанишното гратче имаше среќа, New Zealand Herald, 23 февруари 2011.
  39. „Земјотресот истресе 30 милиони тони мраз од ледник“. New Zealand Herald. 22 февруари 2011.

Надворешни врски

уреди