Кантербери (Нов Зеланд)

Кантербери (англиски: Canterbury, маорски: Waitaha) — регион во Нов Зеланд кој главно се состои од Кантербериската Низина и околните планини. Главен град на регионот е Крајстчерч, каде се наоѓа Кантерберискиот Регионален Совет и Кантерберискиот универзитет.

Околина Кантербери
Canterbury Regional Council
Земја: Нов Зеланд
Регионален совет
Назив: Околина Кантербери
Претседател: Сер Кери Барк
Население: 533,200
јуни 2006 [1] Архивирано на 28 мај 2008 г.
Површина: 44,638км2
Мрежно место: http://www.ecan.govt.nz
Населени места
Поголеми: Крајстчерч, Тимару
Помали: Каикоура, Ешбартон, Лестон, Ролестон, Ферли, Темука, Метвен, Ракаиа, Џералдин, Рангиора, Оксфорд
Составни административни единици
Имиња: Крајстчерч
Хурунуи
Каикоура
Ешбартон
Тимару
Мекензи
Селвин
Ваимате
Ваимакарири
Ваитаки
Мреж. место: http://www.ccc.govt.nz
http://www.hurunuidc.govt.nz[мртва врска]
http://www.kaikoura.govt.nz
http://www.ashburtondc.govt.nz
http://www.timaru.govt.nz
http://www.mackenzie.govt.nz
http://www.selwyn.govt.nz
http://www.waimatedc.govt.nz
http://www.waimakariri.govt.nz
http://www.waitaki.govt.nz
Последици од земјотресот од 2011 година

Географија

уреди

Кантербери е најголемиот регион во Нов Зеланд, со површина околу 42,200 км2. Ограничен е со реката Конвеј на север и Јужните Алпи на запад. Јужно границата му ја дефинира реката Ваитаки.

Регионот се дели на Северен Кантербери (северно од реката Ракаиа), Среден Кантербери (од реката Ракаиа до реката Рангитата) и Јужен Кантербери (јужно од реката Рангитата). За многу цели Јужен Кантербери се смета за посебен регион, со седиште во градот Тимару.

Вински региони во Кантербери

уреди

Кантербери има две главни вински области. Овие се Ваипара и околината на Крајстчерч, која обично се нарекува едноставно Кантербери. Во последно време сортни вина се прават и појужно во Куроу.

Во Кантербери доминира белото вино како from Ризлинг, Совињон Бланк, Шардоне, Гевурцтраминец, и во помала мера Пино Бланк и Пино Гри. Сортата Пино Ноар успева во областа, особено во Ваипара.

Извори

уреди