Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд

Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд (анг. Te Ara - the Encyclopedia of New Zealand) — семрежна енциклопедија чиј создавач е Министерството за култура и наследство во рамките на Владата на Нов Зеланд. Проектот започнал во 2002 г., а самата страница е пуштена во 2005. Те Ара е долгорочен проект, но голем дел од нејзината содржина веќе стои на страницата.

Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд
СедиштеВелингтон, Нов Зеланд
Адресаwww.teara.govt.nz

Уредник на енциклопедијата е историчарот Џок Филипс и тој има персонал од писатели, уредници, истражувачи на слики и извори, како и дизајнери. Енциклопедијата е организирана по теми, каде првата тема ги обработува раскажувањата на новозеланѓаните. Потоа енциклопедијата го обработува доселувањето на народите во Нов Зеланд, и историјата на нивното населување – како домородното маорско people, така и други доселенички групи.

Енциклопедијата има и прегледен дел, наречен „Нов Зеланд во кратки црти“ (New Zealand in Brief), каде се истакнати кратки информации и факти за земјата.

Во 2006 била објавена втора тематска група записи наречени „Земја, море и небо“ (Earth, Sea and Sky) во која се обработуваат океански риби, морски и крајбрежни птици и други морски животни, соживотот помеѓу луѓето и морето, природните ресурси на земјата, но и обликувачките сили како геологијата, вулканологијата, времето и климата. Содржината особено се задржива на карактеристични новозеландски теми, а научните и технички податоци се прикажани во општествен и човеков контекст.

Третата тема на Те Ара е „Шумата“ (The Bush), пуштена кон крајот на 2007 г. Тука се обработуваат автохтоните предели, шуми, растенија и животни, и како луѓето ги користеле или како се обиделе да гледаат на нив. За шумата има повеќе од 100 записи, кои прокриваат теми како раната картографија, планинарството, иглолисно–широколисните шуми, танифите, маорските истражувања, загрозените видови, сечењето на автохтоните шуми, птиците моа и киви, и многу друго.

Во подготовка се уште шест теми кои треба да излегуваат приближно по една годишно, сè до 2013 г. Темата за 2008 била земјоделството и селскиот живот.

Постепено се додаваат и географски информации, и така во првите месеци на 2008 внесени се Окленд, Заливот Пленти, Кантербери, Манавату и Хорофенуа, регионот Нортленд, Јужен Кантербери, вулканското плато, Ваирарапа и Велингтон.

Претходно, официјална енциклопедија на земјата била „Енциклопедија на Нов Зеланд“ (An Encyclopaedia of New Zealand), прво издание објавено во 1966, чиј уредник бил А.Х. Меклинток. Дигитализирана верзија на таа енциклопедија е вметната во рамките на енциклопедијата Те Ара.

Записите на теми кои се однесуваат главно на Маорите како народ се напишани и на маорски и англиски јазик.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди