Земјини полутопки
Во географијата и картографијата, полутопките на Земјата се секоја поделба на земјината топка на две еднакви половини (полутопки или хемисфери), обично поделени на северна и јужна половина со екваторот или на западна и источна половина со замислена линија што минува низ половите. Полутопките може да се поделени според: географски, културни, религиозни или врз основа на други географски одлики. Ваквата поделба на Земјата е од суштинско значење за проучувањето на Земјата, културните разлики и други географски одлики.[1]
Географски полутопки
уредиГеографските полутопки, првенствено се поделени со: Екваторот (северна и јужна) и Гриничкиот меридијан (источна и западна):
Северна и Јужна полутопка
а. Северна полутопка е полутопката што се наоѓа северно од екваторот. Оваа полутопка содржи приближно 68% од копното на Земјата и е дом на околу 90% од светското население. Ги вклучува: Северна Америка, Европа, Азија, поголемиот дел од Африка и северните делови на Јужна Америка.
б. Јужна полутопка е полутопката што се наоѓа јужно од екваторот. Содржи само 32% од копното на Земјата и е дом на околу 10% од светското население. Ги вклучува: најголем дел од Јужна Америка, Австралија, Антарктикот и јужните делови на Африка.
Источна и Западна полутопка
а. Источната полутопка е полутопката што се наоѓа источно од гриничкиот меридијан и западно од 180. меридијан. Оваа полутопка го вклучува најголемиот дел од: Африка, Европа, Азија и Австралија, како и Индискиот и западниот дел на Тихиот Океан.
б. Западната полутопка е полутопката што се наоѓа западно од гриничкиот меридијан и источно од 180. меридијан. Оваа полутопка ги вклучува Северна и Јужна Америка, источниот дел од Тихиот Океан и поголемиот дел од Атлантскиот Океан.
Други полутопки на Земјата
уредиЗемјините полутопки можат да ја поделат Земјата според: културни, религиозни белези или да го максимизираат значењето на географските одлики.[2] Како на пример:
Културолошки и религиозни полутопки
а. Источната полутопка воглавно е поврзана со источните култури и религии, како што се будизмот, хиндуизмот, конфуцијанството и исламот.
б. Западната полутопка воглавно е поврзана со западната култура и религии, пред се христијанството.
Полутопки засновани на географски критериуми
а. Земјата може да биде поделена на полутопки според промената на денот и ноќта, односно граница помеѓу осветлените и темните страни на планетата. Оваа поделба постојано се менува додека Земјата се врти.
б. Полутопка која започнува од 20° З.Г.Д. сé до 160° И.Г.Д.: Оваа алтернативна поделба го спречува расцепувањето на Африка и Европа.
Копнено-водени полутопки
уредиАлтернативните граници помеѓу полутопките можат да ја поделат планетата на начин што го максимизира значењето на една или друга географска одлика, како што е поделбата копно-вода:
Копнената полутопка има средишна точка во близина на градот Нант, Франција (47° С.Г.Ш. и 1°И.Г.Д.). Оваа полутопка содржи најголема можна површина со копно, вклучувајќи ги повеќето континенти во светот..
Водената полутопка има средишна точка јужниот дел на Тихиот Океан (47° Ј.Г.Ш. и 179°З.Г.Д.). Оваа полутопка содржи најголема можна површина на вода, вклучувајќи ги најголемиот дел од Индискиот, Атлантскиот и Тихиот Океан.
Овие поделби помагаат при различни истражувања, со цел да бидат разбрани и претставени разни географски одлики на Земјата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „hemisphere | Etymology, origin and meaning of hemisphere by etymonline“. www.etymonline.com (англиски). Посетено на 13 ноември 2023.
- ↑ Boggs, S. W. (1945). „This Hemisphere“. Journal of Geography. 44 (9): 345–355. doi:10.1080/00221344508986498.
Надворешни врски
уреди- Земјини полутопки на Ризницата ?