Звездан Терзиќ
Звездан Терзиќ (Врбас, 21 мај 1966) бил поранешен српски фудбалер и актуелен фудбалски функционер. Бил директор на екипата на ОФК Белград (1997-2005), потоа претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (2005-2008) и од 2014 година е генерален директор на ФК Црвена ѕвезда.
Играчка кариера
уредиПрвите фудбалски чекори Терзиќ ги направил во клубот на Његош од Ловќен, а на 13 години се преселил во екипата на АИК од Бачка Топола.[1] На 17-годишна возраст за прв пат настапил во првиот тим на составот на АИК, а во 1987 година преминал во клубот на ОФК Белград. Во клубот од Карабурма бил до 1996 година, а шест години ја носел капитенската лента. Во сезоната 1996/97 настапувал една година во грчкиот прволигаш Касторија, по што ја прекинал играчката кариера, откако добил покана да се врати во екипата на ОФК Белград и да стане генерален директор на клубот. За време на ембаргото врз СР Југославија од 1992 до 1995 година настапил 4 пати за најдобрата репрезентација на тогашната Југославија и тоа на неофицијални натпревари. Тој настапувал на позицијата во одбранбената линија како стопер.
Административна кариера
уредиОФК Белград
уредиТерзиќ го презел тимот на ОФК Белград во времето кога клубот настапувал во втората лига и набрзо успеал да го врати во најсилната Прва лига. За време на неговиот престој во екипата на ОФК Белград во 2003 година, по цели дваесет и девет години, клубот успеал да се квалификува во едно натпреварување од европски ранг (Интертото куп), а наредната година екипата на ОФК Белград се квалификувала во полуфиналето од Купот на Интертото каде екипата на Атлетико од Мадрид бил подобар противник од нив. Во клубот Терзиќ донел многу играчи кои подоцна направиле успешни кариери (Ивановиќ, Коларов, Тошиќ, Баша...) [1]
По долгогодишна работа во клубот Терзиќ се кандидирал за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.[2]
Фудбалскиот сојуз на Србија
уредиВо јануари 2005 година, тој бил едногласно избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија,[3] кој станал највисоко фудбалско тело во земјата по одвојувањето со Црна Гора. Сините дресови ги заменил со црвени,[4] кои подоцна биле прифатени и од другите спортови. За време на мандатот на Терзиќ, младата репрезентација до 21 година го освоила второто место на ЕП 2007 во Холандија. Тој го довел шпанскиот селектор Хавиер Клементе, кој од вкупно 22 фудбалери од Светското првенство во Германија во 2006 година, задржал само четворица и целосно ја подмладил репрезентацијата. Србија не се квалификувала за ЕП 2008 година во Австрија и Швајцарија, но бил формиран тим кој подоцна го наследил наредниот тренер Радомир Антиќ.
По најавениот полициски претрес поради наводна проневера во екипата на ОФК Белград на 12.03.2008 година, од непозната адреса Терзиќ поднел неотповиклива оставка од функцијата претседател на ФСС (Фудбалски сојуз на Србија).[5]
Црвена Ѕвезда
уредиВо јуни 2014 година Терзиќ бил назначен за вршител на должноста генерален секретар на ФК Црвена ѕвезда.[6] Во декември истата година, тој ја преземал функцијата на извршен директор.[7] За време на престојот на Терзиќ во клубот, екипата на Црвена ѕвезда освоила четири национални титули. Во една сезона црвено-белите настапувале и во групната фаза од Лига Европа, во која тимот на Црвена ѕвезда го заземала второто место и се квалификувала во нокаут фазата од тоа натпреварување. Во две последователни сезони екипата на Црвена ѕвезда настапувала и во групната фаза од Лигата на шампионите. Во сезоната 2018/19 составот на Црвена ѕвезда во Белград го победила англискиот клуб Ливерпул, кој подоцна во истата сезона станал и европски првак.[8]
Контроверзни моменти
уредиОд крајот на месец јануари 2008 година Терзиќ не се појавил во Србија. Најпрвин изјавил дека е во Америка на стручно усовршување, а подоцна дека морал да остане на лекување во Лондон поради повреда на рамото со која се здобил на скијање во Франција.[9] Неколку пати се појавувал на прес-конференции. Во интервју за печатениот медиум на ''Вечерни новости'' во 2 март 2008 година, тој изјавил дека ќе се врати во Србија до крајот на седмицата,[10] но тоа не се случило. На 04.03.2008 годинна Министерството за внатрешни работи распишало потерница по Терзиќ, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба.[11] Во месец јули 2008 година меѓународната организција на Интерпол распишала потерница по Звездан Терзиќ.[12]
Собранието на екипата на ОФК Белград кое се одржало на 23 декември 2008 година заземало едногласен став дека Звездан Терзиќ не го оштетил клубот, туку дека го збогатил со својата работа. Играчите Грубац, Станиќ и Ивановиќ изјавиле дека Звездан Терзиќ не ги оштетил и дека бил како нивни втор татко.[13]
Медиумите на 21.02.2009 година објавиле дека Терзиќ е уапсен во Будва, но црногорската полиција ја демантирала таа вест.[14]
Во месец јули 2009 година, адвокатот Владан Батиќ побарал судот да ја прифати кауцијата од 200.000 евра за да можел Терзиќ да се врати во Србија и да се брани од слобода.[15]
Во месец јули 2010 година, белградското вишо јавно обвинителство поднело обвинение против: Ѕвездан Терзиќ, поранешен директор на ОФК Белград, Милован Никодиновиќ, поранешен генерален секретар на Здружението на Првата лига, Владимир Булатовиќ, поранешен спортски директор на ОФК Белград и против тренерот Дражен Подунавац. Обвинението ги товари обвинетите за злоупотреба на службената положба во врска со трансферот на фудбалерот Вања Грубац во екипата на Хамбург, Германија, Бранислав Ивановиќ во клубот на Локомотив од Москва, Стеван Стошиќ во екипата на Малага, Шпанија и Срѓан Станиќ во екипата на Спартак од Москва.[16]
Во месец ноември 2010 година, Терзиќ се предал на Управата за криминалистичка полиција во Белград и веднаш бил одведен во Окружниот затвор во Белград.[17] Тој поминал седум месеци во притвор, по што бил ослободен во јуни 2011 година за да се брани од слобода. За тоа морал да плати кауција од еден милион евра, која во недвижен имот ја собрале неколку негови роднини и пријатели кои ставиле хипотеки на своите куќи.[18] Судењето во наредните години неколку пати се одложувало, а до денес овој случај не е разрешен.[19]
Приватен живот
уредиЗвездан Терзиќ дипломирал на Економскиот факултет во Белград, во 1995 година. Има диплома и од вишата тренерска академија. Зборувал четири странски јазици (англиски, руски, грчки, унгарски). Оженет бил со сопругата Светлана со која има три деца, Костадин, Никша и Маша.[20]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „"NE VRAĆAJ SE, BIĆEŠ UHAPŠEN" Životna ispovest Zvezdana Terzića: O danima i pacovima u zatvoru, gde mu je smešteno, kako je Zvezdu spasio od 3. lige, snimanju blokbastera o Kosovu (VIDEO)“. telegraf.rs. 29 јануари 2019. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Terzić kandidat za predsednika FSS“. b92.net. 11 јануари 2005. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Zvezdan Terzić novi predsednik FSS“. b92.net. 23 јануари 2005. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Terzić: "Crveni dresovi Srbije"“. b92.net. 24 јуни 2005. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Terzić podneo neopozivu ostavku“. b92.net. Посетено на 12 март 2008.
- ↑ „Džajić podneo ostavku, Terzić v.d. genseka“. rts.rs. 19 јуни 2014. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Mijailović zvanično predsednik,Terzić direktor Crvene zvezde“. n1info.com. 21 декември 2014. Архивирано од изворникот на 2020-05-18. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Звездан Терзић“. crvenazvezdafk.com. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Operacija odlaže povratak Terzića!“. novosti.rs. 26 февруари 2008. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „U Srbiji i žive sahranjuju!“. novosti.rs. 2 март 2008. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „MUP raspisao poternicu za Terzićem“. b92.net. 4 март 2008. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Zvezdan Terzić na poternici Interpola“. rts.rs. 10 јули 2008. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „SAOPŠTENJE OFK BEOGRADA“. ofkbeograd.co.rs. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Veljović: Zvezdan Terzić nije uhapšen pa pušten“. rts.rs. 23 февруари 2009. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Terzić nudi 200.000 evra“. novosti.rs. 12 јуни 2009. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Podignuta optužnica protiv Zvezdana Terzića“. politika.rs. 14 јули 2010. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Predao se Zvezdan Terzić“. b92.net. 11 ноември 2010. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Terzić pušten iz pritvora“. novosti.rs. 15 јуни 2011. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Ko štiti Zvezdana Terzića: Suđenje se odlaže tri godine, sudije izbegavaju da mu sude!“. glas-javnosti.rs. 15 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-16. Посетено на 16 мај 2020.
- ↑ „Zvezdan Terzić“. ofkbeograd.co.rs. Посетено на 16 мај 2020.