Зајче безопавче
„Зајче безопавче“ е збирка песни за деца од македонскиот поет Васил Куноски, првобитно објавена во 1957 година.
Содржина
уредиЗбирката ги содржи следниве песни:[1]
- Зајче безопавче;
- Кос;
- Мецана;
- Пчеличке;
- Мајстори;
- Ешко;
- Бегај, еленче;
- Чуден човек;
- Штурчо;
- Стани, детенце;
- Влечко;
- Врни росице;
- Кој зошто е;
- Петле гаќуресто;
- Што станало;
- Нашата крава;
- Шарко;
- Зошто Миле не е весел;
- Несреќа;
- Голем ловец;
- Роденден;
- Џив-џив;
- Маче шарено;
- Среќно ластовиче;
- Вредна рака црта вака.
Издание на здружените издавачи од 1980 година
уредиВо 1980 година, збирката „Зајче безопавче“ била објавена од здружените издавачи: „Култура“, „Наша книга“, „Мисла“, „Македонска книга“ и „Детска радост“. Книгата била задолжителна лектира за прво одделение во основните училишта во Македонија, а била испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“, во тираж од 30 000 примероци. Корицата и илустрациите во книгата биле дело на Младен Туниќ; а коректори биле Ружа Димишковска и Павлина Пиперовска. Книгата има 24 страници и не е каталогизирана, ниту пак содржи меѓународна ознака.[2]