Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Неготино

(Пренасочено од Неготински манастир)
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Ѓорѓи
Манастир „Св. Ѓорѓи“ 2.JPG

Поглед на манастирот

Македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Неготинска
Местоположба
Општина Неготино
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Градител Андон Китанов
Изградба 1860-1866
Градител Андон Китанов
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Манастир „Св. Ѓорѓи“манастир кај Неготино, изграден во 1860 година на месноста Црквиште. Се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, каде што брегот во блага нагорнина се издигнува околу 100 метри над нивото на реката, а на највисокиот дел е изграден манастирот кој со својата околина, и особено широк поглед, се шири на североисток каде се протега коритото на реката Вардар и Пепелишко Пепелишкото Поле, па сè до сртот на планината Серта.

ИсторијаУреди

На ова место во средниот век постоел манастир, уништен од Османлиите во XIV век. Новата црква е изградена со прилози од граѓаните на Неготино меѓу 1860 и 1866 г. — дело на познатиот градител Андон Китанов.[1][2]

Конаците на манастирот биле изградени нешто подоцна од изградбата на црквата „Св. Ѓорѓи“ која е во склоп на манастирот, или поточно биле изградени при градбата на железничката пруга Скопје - Солун, а нив ги изградил инженер по народност Полјак. Тој го подигнал конакот и првобитната цел и намена на конаците била за сместување на работниците кои работеле на пругата. Во август 1873 год. пругата е пуштена во сообраќај, а тоа било воедно кога конаците ја завршиле својаата првобитна функција и намена, и истите биле подарени на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Старите конаци кои биле изградени од слаб градежен материјал — дрво, плет, тули и кал, се целосно обновени, кога во 1978-1980 г. на местото на старите конаци биле изградени нови, од тврд материјал, тежнеејќи да се запази старата архитектура.[3][4] Конаците имаат приземје и спрат, и располагаат со голем број на простории. Источната страна на конаците, која претставува и лице на објектот е свртен кон црквата и се наоѓа на едно повисоко издигнато плато. Таа страна е целосно поврзана со чардаци и издадени балкони изработени во армиран бетон, од кој се шири поглед кон реката Вардар. Исто така, и конаците од јужната страна се реновирани од тврд материјал и претставуваат една целина сите заедно.

За време на Втората светска војна, во манастирот имало заробено 20 партизани кои извесна баба Митра која живеела таму ги ослободила. Кога Германците виделе дека партизаните се ослободени, го запалиле манастирот а бабата жива изгорела во него.[5] Во нјзина чест во манастирскиот двор е поставена спомен-плоча, а народниот пејач нејзе ѝ ја посвети Песната за бабата Митра.

Прослави на верски празнициУреди

Во манастирот се одржуваат големи општонародни собири за прослава на верските празници Ѓурѓовден на 06.05. и Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Мала Богородица на 19.09[6]. За време на одржувањето на прославата на овие празници, спиењето во манастирските конаци е бесплатно[7].

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Димитров, Божидар (2000). Български старини в Македония. София: Анико. стр. 121.
  2. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.
  3. „Манастир Св. Ѓорѓи - Неготино“. Повардарска епархија. 20 октомври 2008. Посетено на 14 февруари 2014.
  4. „Манастир „Св.Ѓорѓија" - Неготино“. Македонска нација. 7 септември 2011.
  5. „Свети Ѓорѓи, Неготино“, „Македонска нација“, 17 август 2011.
  6. Според кажување редовна посетителка на манастирот од Кавадарци. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10.04.2015
  7. Според кажување на редовна посетителка на манастирот од Кавадарци. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10.04.2015

Надворешни врскиУреди

Координати: 41°29′36″N 22°6′28″E / 41.49333° N; 22.10778° E / 41.49333; 22.10778