Прогениторна клетка

(Пренасочено од Зачетна клетка)

Прогениторна клеткаклетка која може да биде разликувана во посебна врста клетка. Матичните клетки и прогениторните клетки ја имаат оваа заедничка способност. Сепак, матичните клетки се помалку специфицирани од прогениторните клетки. Прогениторните клетки можат само да бидат разликувани во нивниот „целен“ вид клетки.[1] Најважната разлика помеѓу матичните клетки и прогениторните клетки е тоа што матичните клетки можат да се реплицираат на неодредено време, додека прогениторните клетки можат да се делат само ограничен број пати. Контроверзноста околу точната дефиниција останува и концептот сè уште е развиван.[2]

Неврални прогенитори (зелени) во миризлива луковица со астроцити (сина).
Пример за моделот на поделба на прогениторна клетка што резултира со производство на средна прогениторна клетка. Двете клетки подоцна произведуваат една или две нервни клетки.

Поимите „прогениторна клетка“ и „матична клетка“ понекогаш се поистоветувани.[3]

Својства

уреди

Повеќето прогенитори се идентификувани како олигопотентни. Во оваа гледна точка, тие можат да бидат споредени со возрасни матични клетки, но кажано е дека прогениторите се во понатамошна фаза на клеточна диференцијација. Тие се на „средината“ помеѓу матичните клетки и целосно диференцираните клетки. Видот на моќта што ја имаат зависи од видот на нивните „родителски“ матични клетки, а исто така и од нивната ниша. Некои истражувања покажаа дека прогениторните клетки се подвижни и дека овие прогениторни клетки може да се движат низ телото и да се селат кон ткивото каде што се потребни.[4] Многу својства ги споделуваат возрасните матични клетки и прогениторните клетки.

Истражување

уреди

Прогениторните клетки станале средиште за истражување на неколку различни фронтови. Тековните истражувања за прогениторните клетки се насочувани на две различни примени: регенеративна медицина и биологија на рак. Истражувањето за регенеративната медицина е насочувана на прогениторните клетки и матичните клетки, бидејќи нивното стареење на клетките во голема мера придонесува за постапката на стареење.[5] Истражувањето за биологијата на ракот е насочено на влијанието на прогениторните клетки врз реакциите на ракот и начинот на кој овие клетки се врзуваат за имунолошкиот одговор.[6]

Природното стареење на клетките, наречено нивно клеточно стареење, е еден од главните придонесувачи за стареење на ниво на организам.[7] Постојат неколку различни идеи за причината зошто стареењето се случува на клеточно ниво. Се покажа дека должината на теломерите позитивно корелира со долговечноста.[8][9] Зголеменото кружење на прогениторните клетки во телото, исто така, има позитивна корелација со зголемената долговечност и регенеративните постапки.[10] Ендотелните прогениторни клетки се еден од главните фокуси на ова поле. Тие се вредни клетки бидејќи директно им претходат на ендотелните клетки, но имаат особини на матични клетки. Овие клетки можат да произведат диференцирани клетки за да го надополнат снабдувањето изгубено во природната постапка на стареење, што ги прави цел за истражување на терапијата за стареење.[11] Ова поле на регенеративна медицина и истражување за стареење сè уште во моментов е развивано.

Неодамнешните студии покажале дека хематопоетските прогениторни клетки придонесуваат за имунолошки реакции во телото. Било покажано дека тие реагираат на низа воспалителни цитокини. Тие, исто така, придонесуваат за борба против инфекции преку обезбедување на обновување на исцрпените ресурси предизвикани од стресот на инфекција на имунолошкиот систем. Воспалителни цитокини и други фактори ослободени за време на инфекции ќе ги активираат хематопоетските прогениторни клетки да бидат разликувани за да ги надополнат изгубените ресурси.[12]

Примери

уреди

Карактеризацијата или дефинирачкото начело на прогениторните клетки, со цел да бидат одделени од другите, се заснова на различните клеточни маркери, а не на нивниот морфолошки изглед.[13]

  • Сателитски клетки пронајдени во мускулите. Тие играат голема улога во диференцијацијата на мускулните клетки и обновувањето на повредите.
  • Средни прогениторни клетки образувани во субвентрикуларната зона.[14] Некои од овие преносни засилувачки нервни прогенитори се селат преку рострален миграциски тек до миризливата луковица и понатаму се диференцираат во посебни видови нервни клетки.
  • Радијални глијални клетки пронајдени во развојните региони на мозокот, особено кортексот. Овие прогениторни клетки лесно се идентификувани со нивната долга радијална постапка.
  • Стромалните клетки на коскената срцевина се наоѓаат во епидермисот и сочинуваат 10% од прогениторните клетки. Тие често се класифицирани како матични клетки поради нивната висока пластичност и потенцијал за неограничен капацитет за самообновување.
  • Периостеумот содржи прогениторни клетки кои се развиваат во остеобласти и хондробласти.
  • Прогениторните клетки на панкреасот се меѓу најпроучените прогенитори.[15] Тие се користени во истражување за да биде развиен лек против дијабетес тип 1.
  • Ангиобласти или ендотелијални прогениторни клетки. Тие се многу важни за истражување на скршеници и заздравување на рани.[16]
  • Претходничките клетки се вклучени во создавањето на B-клетки и Т-лимфоцити, кои учествуваат во имунолошките одговори.[17][15]
  • Клетките на граничната капа од нервниот гребен образуваат пречка помеѓу клетките на средишниот нервен систем и клетките на страничниот нервен систем.[18] Матичните клетки на нервниот гребен на граничната капа промовираат преживување на мутантните SOD1 моторни неврони.[19]

Развој на човечки церебрални кортики

уреди

Пред ембрионалниот ден 40 (Е40), прогениторните клетки создаваат други прогениторни клетки; по тој период, прогениторните клетки произведуваат само различни ќерки на мезенхимални матични клетки. Клетките од една прогениторна клетка образуваат пролиферативна единица која создава една кортикална колона; овие колони содржат различни неврони со различни облици.[20]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Lawrence BE, Horton PM (2013). Progenitor Cells : Biology, Characterization and Potential Clinical Applications. Nova Science Publishers, Inc. стр. 26.
  2. „Stem and progenitor cells: the premature desertion of rigorous definitions“. Trends in Neurosciences. 26 (3): 125–31. март 2003. doi:10.1016/S0166-2236(03)00031-6. PMID 12591214.
  3. "progenitor cell" at Dorland's Medical Dictionary
  4. Badami, Chirag D.; Livingston, David H.; Sifri, Ziad C.; Caputo, Francis J.; Bonilla, Larissa; Mohr, Alicia M.; Deitch, Edwin A. (септември 2007). „Hematopoietic Progenitor Cells Mobilize to the Site of Injury After Trauma and Hemorrhagic Shock in Rats“. Journal of Trauma-Injury Infection & Critical Care (англиски). 63 (3): 596–602. doi:10.1097/TA.0b013e318142d231. ISSN 0022-5282. PMID 18073606.
  5. „Effect of aging on stem cells“. World Journal of Experimental Medicine. 7 (1): 1–10. февруари 2017. doi:10.5493/wjem.v7.i1.1. PMC 5316899. PMID 28261550.
  6. „Concise Review: Modulating Cancer Immunity with Hematopoietic Stem and Progenitor Cells“. Stem Cells. 37 (2): 166–175. февруари 2019. doi:10.1002/stem.2933. PMC 6368859. PMID 30353618.
  7. Gilbert, Scott F.; Barresi, Michael J. F. (15 јуни 2016). Developmental biology (Eleventh. изд.). Sunderland, Massachusetts: Sinauer. ISBN 978-1-60535-470-5. OCLC 945169933.
  8. „Telomerase gene therapy: a novel approach to combat aging“. EMBO Molecular Medicine. 4 (8): 685–7. август 2012. doi:10.1002/emmm.201200246. PMC 3494068. PMID 22585424.
  9. „Telomerase gene therapy in adult and old mice delays aging and increases longevity without increasing cancer“. EMBO Molecular Medicine. 4 (8): 691–704. август 2012. doi:10.1002/emmm.201200245. PMC 3494070. PMID 22585399.
  10. „Introduction to stem cell therapy“. The Journal of Cardiovascular Nursing. 24 (2): 98–103, quiz 104–5. март 2009. doi:10.1097/JCN.0b013e318197a6a5. PMC 4104807. PMID 19242274.
  11. Balistreri CR (2017). Endothelial progenitor cells : a new real hope?. Cham: Springer. ISBN 978-3-319-55107-4. OCLC 988870936.
  12. „Inflammatory modulation of HSCs: viewing the HSC as a foundation for the immune response“. Nature Reviews. Immunology. 11 (10): 685–92. септември 2011. doi:10.1038/nri3062. PMC 4154310. PMID 21904387.
  13. „Muscle satellite cells“. The International Journal of Biochemistry & Cell Biology. 35 (8): 1151–6. август 2003. doi:10.1016/s1357-2725(03)00042-6. PMID 12757751.
  14. „Contribution of intermediate progenitor cells to cortical histogenesis“. Archives of Neurology. 64 (5): 639–42. мај 2007. doi:10.1001/archneur.64.5.639. PMID 17502462.
  15. 15,0 15,1 „Thymus-bound: the many features of T cell progenitors“. Frontiers in Bioscience. 3 (3): 961–9. June 2011. doi:10.2741/200. PMID 21622245.
  16. „The ever-elusive endothelial progenitor cell: identities, functions and clinical implications“. Pediatric Research. 59 (4 Pt 2): 26R–32R. април 2006. doi:10.1203/01.pdr.0000203553.46471.18. PMID 16549545.
  17. „Losing B cell identity“. BioEssays. 30 (3): 203–7. март 2008. doi:10.1002/bies.20725. PMID 18293359.
  18. „New insights on Schwann cell development“. Glia. 63 (8): 1376–93. 2015. doi:10.1002/glia.22852. PMC 4470834. PMID 25921593.
  19. Aggarwal, T; Hoeber, J; Ivert, P; Vasylovska, S; Kozlova, EN (July 2017). „Boundary Cap Neural Crest Stem Cells Promote Survival of Mutant SOD1 Motor Neurons“. Neurotherapeutics. 14 (3): 773–783. doi:10.1007/s13311-016-0505-8. PMC 5509618. PMID 28070746.
  20. „Building brains in a dish: Prospects for growing cerebral organoids from stem cells“. Neuroscience. 334: 105–118. октомври 2016. doi:10.1016/j.neuroscience.2016.07.048. PMID 27506142.