Кербер
Кербер во старогрчката митологија е монструозно куче чувар на подземниот свет.
Особености
уредиОбично се смета дека има три глави (според некои верзии, една или две), иако Хесиод вели дека имал 50 глави и метален глас. Од неговиот ’рбет растеле глави на змии, а имал и опашка од змија. Го јадел секого што ќе се обидел да избега од подземниот свет и не им дозволувал на живите човечки суштества да влезат, иако Орфеј успеал да влезе маѓепсувајќи го со музика. Една од задачите на Херкул била да го однесе Кербер во земјата на живите; откако успеал, го вратил суштеството назад во адот. Исто така, Орфеј успеал да го измами Кербер со своите убави песни.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 222.
„Кербер“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |