Жолт смок
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Потсемејство: Вистински смокови
Род: Dolichophis
Вид: Жолт смок
Научен назив
Dolichophis caspius
Nagy et al., 2004
Подвидови
Синоними

во текстот

Жолт смок (научDolichophis caspius или Coluber caspius) — чест вид змија од фамилијата на смоковите (Colubridae) застапена во Македонија[1], на Балканот и делови од Источна Европа.

Опис

уреди

Оваа змија е најголемата во Европа. Обично достигнува должина од 140 до 160 см, но има и примероци долги по 200 см. Најголемата забележана била долга 250 см[2][3] Не е отровна и претежно е активна преку ден. Главата продолжува кон телото со дебел врат. Има округли зеници, 19 реда мазни лушпи во средината на телото (иако ретко се среќаваат по 17). Грбните лушпи имаат по две пори на задниот раб. Средишниот дел на лушпата има посветла боја.[2] Грбната страна од телото е сивокафеава и има белези што се јасно изразени во младоста, но избледнуваат кога единката ќе стане возрасна. Стомачната страна на телото е светложолта или бела.

Таксономија

уреди

Синоними

уреди

Жолтиот смок прв го завел Јохан Фридрих Гмелин во 1789 г. и оттогаш има добиено повеќе научни имиња. Еве ги сите синоними:[4]

  • Coluber caspius (Gmelin in 1789)
  • Coluber acontistes
  • Coluber thermalis
  • Coluber jugularis caspius
  • Hierophis caspius

Распространетост

уреди

Оваа змија се среќава на Балканот, делови од источна Европа и мали делови од Мала Азија. Покрај Македонија, живее во Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, јужна Словачка, европска Турција, Молдавија, јужна Украина, јужна Русија, Казахстан, Јордан и јужна Унгарија.[4][5] Според испитувањата, утврдено е дека жиевалиштата обично се наоѓаат во ниските поречија (испитани се Дунав и Олт).[6]

Исхрана

уреди

Жолтиот смок се храни со мали цицачи, гуштери, птици и други змии. Иако не е отровна, оваа змија важи за жестока бидејќи каса веднаш и без предупредување. Се смета за благотворна во земјоделството бидејќи јаде глодачи кои се штетни за културите.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 Dolichophis caspius (Caspian Whip Snake)“. TrekNature. Посетено на 18 January 2010.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на 2014-08-10.
  4. 4,0 4,1 Dolichophis caspius GMELIN, 1789“. The Reptiles Database. J. Craig Venter Institute. Посетено на 18 January 2010.
  5. Mazzei, Paolo; Ilaria Pimpinelli. Dolichophis caspius (Gmelin, 1789)“. Amphibians and Reptiles of Europe. Посетено на 18 January 2010.
  6. Covaciu-Marcov, Severus-Daniel; Anamaria David (16 December 2008). „Dolichophis caspius (Serpentes: Colubridae) in Romania: New distribution records from the northern limit of its range“ (PDF). Turkish Journal of Zoology. TÜBİTAK. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-08. Посетено на 2014-08-10.

Надворешни врски

уреди