Смил или жолт смил (научHelichrysum arenarium) — лековито растение со жолти ситни цветови, што расте на песокливи планински ливади.[1]

Жолт смил
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Род: Смил
Вид: Жолт смил
Научен назив
Helichrysum arenarium
(L.) Moench, 1794
Ботаничка илустрација

Опис

уреди

Како повеќегодишно растение, средната висина на смилот е 0,3 м.

Неговите листови се рамни, пониските имаат елипсовиден облик, а повисоките се прави. Влакнести се од двете страни.

Главите на цветовите се распоредени во лабав крст. Широки се 3 до 4 мм и се со светла златно-жолта боја.

Смилот се наоѓа од Источна Франција до Данска, но и на планините во Узбекистан на песокливите падини. Исто така распространет е по Далматинското Крајбрежје во Хрватска, каде мештаните редовно го берат и го продаваат во летните месеци.

Употреба

уреди

Чајот од светло-жолтите цветови се користи во лекувањето на болести на жолчното кесе и како диуретик во лекување на ревма и циститис.

Цветот исто така се користи како состојка во билните овошни чаеви.

Сувото растение често се користи за украсување заедно со, или наместо, растението од неговото семејство Helichrysum bracteatum.

Занимливости

уреди

Заради убавината и мирисот на цветот, на децата им се даваат имиња кои произлегуваат од неговото име – Смиле и Смилка.

Наводи

уреди
  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2011). Толковен речник на македонскиот јазик. V. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 458. ISBN 978-608-220-016-3.