Жиганци

село во Општина Чешиново-Облешево
(Пренасочено од Жиганце)

Жиганци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Жиганци
Жиганци во рамките на Македонија
Жиганци
Местоположба на Жиганци во Македонија
Жиганци на карта

Карта

Координати 41°52′45″N 22°14′16″E / 41.87917° СГШ; 22.23778° ИГД / 41.87917; 22.23778
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 227 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13014
Надм. вис. 323 м
Жиганци на општинската карта

Атарот на Жиганци во рамките на општината
Жиганци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.

Историја

уреди

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948430—    
1953502+16.7%
1961579+15.3%
1971556−4.0%
1981501−9.9%
ГодинаНас.±%
1991451−10.0%
1994378−16.2%
2002362−4.2%
2021227−37.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жиганци живееле 156 жители, од кои 150 Македонци и 6 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жиганци имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Жиганци живеат 362 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 227 жители, од кои 214 Македонци и 13 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 156 314 430 502 579 556 501 451 378 362 227
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 877 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди

Во оризовите полиња крај Злетовска Река, во селото Жиганци се наоѓаат остатоци од една крстообразна црква, која е датира од XIV век. Остатоците од црковната градба не се проучени, но таа лежи на еден постар објект. Во долните делови на црквата, вградени е мермерни меноа од некој постар објект.

Археолошки наоѓалишта[13]

Култура и спорт

уреди
  • ФК Злетовица (Жиганци)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р. 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. ТИМ ОД АРХЕОЛОЗИ НЕКОЛКУ ДЕНА РАБОТИ НА ДОЦНОАНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ДОЛЧЕНИЦА
  15. „Ранохристијанска базилика откриена на новиот експресен пат Штип – Кочани“. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 2019-05-11.
  16. Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија -Блага Алексова

Надворешни врски

уреди