Ерика Кремер (германски: Erika Cremer; 20 мај 1900 во Минхен21 септември 1996 во Инсбрук) — германски инженер по физичка хемија и почесен професор на Универзитетот во Инсбрук.[1] Таа се смета за еден од најважните пионери во гасната хроматографија,[1] бидејќи таа првпат ја осмислила техниката во 1944 година.[1]

Семејство

уреди

Кремер е родена на 20 мај 1900 година во Минхен, Германија во семејство на научници и универзитетски професори.[2][3] Таа била единствената ќерка и средното дете на Макс Кремер и Елсбет Розмунд.[3] Нејзиниот татко, Макс Кремер, бил професор по физиологија и пронаоѓач на стаклената електрода.[3] Таа имала двајца браќа, Хуберт Кремер, математичар и Лотар Кремер, акустичар.

Образование и рана кариера

уреди

Таткото на Кремер се преселил на нова позиција во Берлин и Кремер имала проблеми да се прилагоди на новиот пруски училиштен систем.[4] Кремер завршила средно училиште во Берлин во 1921 година и матурирала на Универзитетот во Берлин. На Универзитетот во Берлин, таа присуствувала на предавањата на Фриц Хабер, Валтер Нернст, Макс Планк, Макс фон Лауе и Алберт Ајнштајн.[4]

Кремер докторирала во 1927 со труд за кинетиката на реакции со водород и хлор.[5] Оваа реакција е верижна реакција, и се сметала за исклучително оригинален концепт за тоа време.[3] Поради овој труд и нејзината работа за кинетика, идниот нобеловец за проучување на кинетиката, Николај Семјонов ја поканил во Ленинград да работи.[4] Таа одбила и останала во Германија да работи во Институтот за физичка хемија и електрохемија Кајзер Вилхелм со Карл Фридрих Бонхофер на квантните теоретски проблеми на фотохемијата.[3][4]

Кремер го проучувала распаѓањето на алкохолите користејќи оксидни катализатори додека работела на Универзитетот во Фрајбург со Џорџ де Хевеси.[3][4] Кремер се вратила во Берлин за да работи со Мајкл Полањи во Хаберовиот институт, каде што ја истражувале претворањето на водород и орто-водород во една спин состојба на пара-водород. Таа останала таму до 1933 година.[3][4]

Научна кариера пред и за време на Втората светска војна

уреди

Кремер заедно со Ото Хан на Хемискиот институт Кајзер Вилхелм за проучувала радиоактивни траги во соединенија во 1937 година. Во 1938 година, Кремер ја добила својата хабилитација од Универзитетот во Берлин.[3] Тогашниот закон им забранувал на жените пристап до високи позиции (на пр. професорски) и затоа многу жени останале невработени или ограничени во можностите за кариера.[3]

Откако започнала Втората светска војна и дошло до недостиг на машки научници и професори, Кремер добила позиција како доцент во 1940 година на Универзитетот во Инсбрук во Австрија.[3] Меѓутоа, ја известиле дека ќе ја напушти работата штом ќе заврши војната и кога мажите ќе се вратат.[6]

Откривање и развој на сепарација на гас

уреди

Во Инсбрук, Кремер ја истражувала хидрогенизацијата на ацетиленот и дошла до потешкотии во одвојувањето на два гаса со слични топлински адсорпции.[7] Таа смислила метод за одвојување на гасовите каде се користи инертен гас-носител како мобилна фаза.[3] Развила математички врски и равенки за првиот гасен хроматограф.[6] Кремер се служела со детектор за топлинска спроводливост.[3] Првично доставила краток академски труд во 1944 година до Naturwissenschaften, кој требало да биде проследен со експериментална работа.[6][7] Но, весникот не бил објавен поради уништување на печатницата за време на воздушно бомбардирање.[1] Трудот бил објавен триесет години подоцна во 1976 година, и тогаш се сметал за историски документ.[1][7]

Фриц Приор бил студент кој ја избрал нејзината идеја за гасниот хроматограф за тема за својот труд. Тие заедно истражувале во објектите на Универзитетот во Инсбрук како и лабораторијата на средно училиште на Приор.[6][7]

Кремер, иако лимитирана во нејзината работа поради тековната ситуација, го завршила истражувањето демонстрирајќи нов метод за мерења и квалитативна и квантитативна анализа во 1947 година. Друг нејзин студент, Роланд Милер го напишал својот труд за аналитичките можности на гасниот хроматограф.[7] Кремер била назначена за директор на Институтот за физичка хемија во Инсбрук и станала професор во 1951 година.[3] Таа започнала да ја презентира работата на Приор и Милер во 1947 година на различни научни состаноци. Во 1951 година, објавила три труда во Zeitschrift für Elektrochemie, но многумина верувале дека постарите методи биле доволни. Во 1952 година, Британецот Ентони Трафорд Џејмс и Арчер Портер Мартин и во 1953 година Чехот Ј. Јанак објавиле извештаи во кои објаснувале за „нов изум“ - гасна хроматографија.[6] Мартин и неговиот партнер Ричард Лоренс Милингтон Синге добиле Нобелова награда за преградна хроматографија, која во голем дел се должи на воведувањето на употребата на гасот како мобилна фаза, во 1952 година.[7] Сите биле целосно неуки за раната работа на Кремер.[3] Ова се припишува на фактот дека Кремер разговарала со погрешни луѓе на погрешни места.

Кремер и нејзините студенти ја продолжиле својата работа на развивање на методите и теориите зад гасната хроматографија во следните две децении.

Подоцнежна кариера и смрт

уреди

Кремер продолжила со истражување на Универзитетот во Инсбрук и се пензионирала во 1971 година. Таа се занимавала со гасната хроматографија речиси до крајот на животот.[7] Во 1990 година, во Инсбрук се одржал меѓународен симпозиум на кој се прославила нејзината работа и нејзиниот деведесетти роденден.[7] Таа починала во 1996 година.[3]

Во 2009 година, Универзитетот во Инсбрук воспоставил програма во нејзино име со која се наградуваат висококвалификувани жени научници во потрага по диплома за хабилитација.[8]

Награди и почести

уреди
  • Медал Вилхелм Екснер, 1958 година
  • Јохан Јозеф Ритер фон Прехт медал на Техничкиот универзитет во Виена, 1965 година
  • Награда Ервин Шредингер на Австриската академија на науките, 1970 година
  • MS Tswett награда за хроматографија, 1974 година (доделена прва година)
  • Комеморативен медал МС Цвет на Академијата на науките на СССР, 1978 година
  • Почесен степен на Техничкиот универзитет во Берлин
  • Крст од прва класа од Австрискиот орден за наука и уметност

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ettre, Leslie S. (1990). „Professor Erika Cremer ninety years old“. Chromatographia. SpringerLink. 29 (9–10): 413–414. doi:10.1007/BF02261386.
  2. „Erika Cremer“. Csupomona.edu. Архивирано од изворникот на 2012-09-29. Посетено на 2012-09-11.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 F., Rayner-Canham, Marelene (1998). Women in chemistry : their changing roles from alchemical times to the mid-twentieth century. Rayner-Canham, Geoffrey. Washington, DC: American Chemical Society. ISBN 0841235228. OCLC 38886653.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Grinstein, Louise S.; Rose, Rose K.; Rafailovich, Miriam H. (1993). Women in chemistry and physics : a biobibliographic sourcebook. Westport, Conn.: Greenwood Press. ISBN 0313273820. OCLC 27068054.
  5. (Thesis). Отсутно или празно |title= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Grinstein, Louise S.; Rose, Rose K.; Rafailovich, Miriam H. (1993). Women in chemistry and physics : a biobibliographic sourcebook. Westport, Conn.: Greenwood Press. ISBN 0313273820. OCLC 27068054.Grinstein, Louise S.; Rose, Rose K.; Rafailovich, Miriam H. (1993). Women in chemistry and physics : a biobibliographic sourcebook. Westport, Conn.: Greenwood Press. ISBN 0313273820. OCLC 27068054.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 S., Ettre, Leslie (2008). Chapters in the evolution of chromatography. Hinshaw, John V. London: Imperial College Press. ISBN 9781860949449. OCLC 294759403. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:23“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  8. „Erika-Cremer-Habilitationsprogramm gestartet“ [Erika Cremer habilitation program started]. University of Innsbruck (германски). November 19, 2009.