Аргун

река во Кина и Русија
(Пренасочено од Ергун)

Аргун (руски: Аргунь)or Ергун (монголски: Эргүнэ мөрөн; манџурски: Ергуне бира; кинески: 额尔古纳河) — река во Азија што образува дел руско-кинеската граница. Во горното течение (во Кина) реката се нарекува Хајлар (海拉尔河, трск. хајлаер хе). Долга е 1.620 км и ја означува границата (уредена со Нерчинскиот договор од 1689 г.) помеѓу Русија и Кина во должина од околу 944 км, сè додека не се влее во Амур. Името потекнува од бурјатскиот поим Ургенгол (урге „широка“ + гол „река“).[1]

Аргун
Ергуне бира, Аргунь
Хајлар
Река
Поглед на руската територија преку Аргун од Шевеј, Кина
Потекло на името: монголски: эргэнэ = „противвртеж“
Земји Кина, русија
Русија Забајкалски крај
Кина: Внатрешна Монголија
Извор Керулен
 - место 195 км од Улан Батор
 - височина 1.961 м
Утока Амур
Должина 1.620 км
Слив 164.000 км2
Истек
 - просечен 340 м3
Сливот на Аргун
Сливот на Аргун
Сливот на Аргун

Извира од западната страна на венецот Голем Хинган во Внатрешна Монголија. Се слева со заедно со Шилка во Уст Стрелка и го образува Амур.

Керлен–Аргун–Амур

уреди

Во годините со поголемо количество на врнежи, неистечното езеро Хулун знае да се излие на северниот брег, и водата да се прелее во Аргун по 30 км. Речниот систем Керулен–Аргун–Амур има вкупна должина од 5.052 км.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Е.М. Поспелов, Географические називания мира (Москва: Русские словари, 1998), стр. 42.

Надворешни врски

уреди

53°20′N 121°28′E / 53.333° СГШ; 121.467° ИГД / 53.333; 121.467