Колудејско Градилиште
село во Берско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ерготаксио Лудија)
Колудејско Градилиште или Ерготаксио Лудија (грчки: Εργοτάξιο Λουδία) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Гида на округот Иматија, Грција.
Колудејско Градилиште Εργοτάξιο Λουδία | |
---|---|
Координати: 40°39.23′N 22°22.11′E / 40.65383° СГШ; 22.36850° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Плати |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Урумлак, 3 км североисточно од Плати. Лежи крај самата железничка пруга.[2]
Историја
уредиСелото е основано по Втората светска војна и го добила името по нејзините жители — работници на регулацијата на реката Колудеј (грч. Лудијас).[2] Подоцна се изградени поубави куќи и населението почнало да се занимава со земјоделство поради доброто обработливо земјиште.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 161 | 166 | 40 | 279 | 8 | 0 | 1 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 11. ISBN 9989-9819-5-7.