Ен Лабастил е американска писателка, екологистка, фотографка, родена е во Монтклер во американската држава Њу Џерси на 20 ноември 1933 година, а починала на 1 јули 2011 година.

Фотографија за Ен Лабастил

Животопис

уреди

Ен Лабастил доктирирала на универзитетот Корнел[1] во 1969 година. Започнала да работи како дописен писател во неколку списанија, вклучувајќи ги Sierra Club и National Geographic. Во 1970 година станала лиценциран туристички водич за тури во природа со рекреациски сктивности. Своите убедувања ги остварувала преку организирање на работилници и предавања во пустина, со оваа дејност се занимавала повеќе од 40 години. Била член на неколку асоцијации за очувување на природата, посебно на планините, како планините Адирондак.

Таа на своите патувања низ целиот свет работела со непрофитни организации за да може да изучува и ублажува деструктивни влијанија на кисели дождови и загадување на езерата и дивината.

Ен Лабастил е автор на повеќе од десет книги, на повеќе од 150 статии и повеќе од 25 научни трудови. Во периодот од 1974 - 2009 година била наградувана за својата прионерска работа, меѓу наградите ги издвојуваме: World Wildlife Fund, Explorers Cluba, Gold Medal from the Society of Woman Geographers, Honoree of the National Women's History Month, Women Taking the Lead to Save Our Planet, Honorary Doctor of Letters from Ripon College, Wisconsin. Инспирирана од книгата Валден или живот во шума, таа купила земја на работ на планинското езеро во Адирандак, каде што во 1964 година соградила своја еколошка колиба.

Нејзиното најпопуларно дело Woodswoman - Жена на шумата, е всупност четоритомно издание за нејзиниот живот во кое се опишани 40 години од нејзиниот живот и посветеност за заштита на природата.

Дела

уреди
  • The Woodswoman - Жена на шумата;
  • Beyond Black Bear Lake - Зад езерото Црна мечка;
  • Women of the Wilderness - Жена од дивина
  • Bird kingdom of the Mayas - Кралството на птици кај Маите;
  • The Seal Family - Семејство на фоки;
  • Mama Poc : An ecologist’s account of the extinction of a species - Мама Пок: Прилог од екологисти за изумирање на видовите...

Наводи

уреди
  1. Guide to the Anne LaBastille Papers,1963-2000, Biographical Note, Division of Rare and Manuscript Collections, Cornell University Library 2004, Retrieved December