Железна купола (хебрејски: כיפת ברזל) — израелски противвоздушен систем што работи во сите временски услови. Системот е развиен од израелската фирма Rafael (Rafael Advanced Defense Systems). Тој е проектиран да пресретнува и уништува ракети со краток дострел и артилериски гранати истрелани од далечина од 4 до 70 километри, чија траекторија завршува во населени места.[1] Израел се надева дека ќе го зголеми дострелот на „Железната купола“ од сегашните 70 километри на 250 километри и ќе го усоврши системот за да може истовремено да соборува проектили што доаѓаат од две различни насоки.[2][3]

Радар од системот „Железна купола“

Наводи

уреди
  1. Katz, Yaakov (10 March 2012). „Iron Dome ups its interception rate to over 90%“. The Jerusalem Post. Посетено на 10 March 2012.
  2. „Iron Dome Air Defense Missile System, Israel“. Army technology. Посетено на 18 August 2011.
  3. Sharp, Jeremy M. (16 September 2010). „U.S. Foreign Aid to Israel“ (PDF). Congressional Research Service. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 July 2015. Посетено на 18 August 2011.

Надворешни врски

уреди