Алхазен
Абу Али ел-Хасан ибн ел-Хасан ибн ел-Хејтам (арапски: بو علي، الحسن بن الحسن بن الهيثم; (~965, Басра, Ирак - 1040, Каиро, Египет)[5] познат и по латинизираното име Алхазен (Alhazen) — средновековен арапски физичар, математичар и астроном.[5] Наречен е „татко на оптиката“ и прв научник кој своите заклучоци ги базирал врз научен метод. Најпознато пишано дело му е „Книга за оптиката“.
Хасан Ибн ел-Хејтам أبو علي الحسن بن الحسن بن الهيثم | |
---|---|
Алхазен (ел-Хејтам) | |
Роден(а) | ~965 Басра, Бујидски емират (денешен Ирак) |
Починал(а) | 1040 Каиро, Египет, Фатмидски калифат |
Живеалиште | |
Полиња | |
Познат по |
|
Животопис
уредиел-Хајтам, чие име обично се наведува како Алхазен е роден околу 965 година во Басра, денешен Ирак. Тој бил познат како “ татко” на оптичката наука, а бидејќи потекнувал од богата исламска култура што ја одликувала љубопитност и експериментирање, тој е исто така еден од првите експериментални научници. Некои го нарекувале “ втор Птоломеј”. Алхазен се образувал во Басра и во Багдад, каде што работел и како државен чиновник. Го интересирале наука и инжинерство, па кога во 1011г. слушнал за годишното излевање на Нил, му напишал писмо на калифот ел-Хаким би-Амр Алах, нудејќи му решавање на проблемот. Калифот со почести го пречекал на портите на Каиро, од каде што Алхазен отпатувал на југ за да ја изгради браната. За жал, младиот човек немал претстава за големината на реката Нил. Дури и во Асуан, далеку од брегот, Нил е широк 1,6 км и има повеќе текови. Да се изгради брана со технологија што била тогаш на располагање било речиси невозможно. Но Алхазен не можел да се врати и да му го признае поразот на калифот, кој бил познат по суровоста, бидејќи му се заканувало погубување. Затоа се преправал дека е луд, па бил ставен во домашен притвор и останал “луд” сè до смртта на калифот во 1021г.
Оптички белешки
уредиВо домашен притвор Алхазен не го губел времето. Тој интензивно ја проучувал оптиката, истражувајќи ги семките, боите на сонцето што заоѓа, виножитата и затемнувањата. Врз основа на тие емпириски истражувања го напишал делото Книга за оптиката во седум томови или свитоци. Книгата Китаб ал-Маназир била преведена на латински јазик во 1270г. Како Opticae Thesaurius: Alhazeni Arabis. Овој труд имал големо влијание врз англискиот монах Роџер Бејкон, германскиот астроном Јохан Кеплер и Френсис Бејкон, кој во 20-тите години на 17 век пишувал за експерименталната наука.
Ново разбирање на видот
уредиМеѓу обработените теми бил и начинот на кој гледаме. Аристотел, а подоцна и Евклид и Птоломеј, зборувале дека кога нешто набљудуваме, зраци излегуваат од нашите очи и се одбиваат од тој предмет. Алхазен увидел дека ова е погрешно; светлина секако постои- дење е се осветлено од Сонцето, а светлината се одбива од предметите од сите насоки; ноќе Сончевата светлина ја рефлектира Месечината. Доволно е да отвориме очи и да дозволиме влегување на светлината. Со други зборови, видот е пасивна, а не активна појава, барем додека светлината допре до мрежницата. Алхазен експериментирал со очи од бик и докажал дека светлината влегува низ една мала дупка на предната страна – зеница, а леќата ја насочува на осетливата површина, мрежница, од задната страна на окото.
Истражување на светлината
уредиАлхазен направил експерименти со огледала и со леќи, но можеби најзначајниот негов придонес било тоа што покажал дека светлината се движи праволиниски. Тоа веројатно го заклучил врз основа на фактот дека цврстите предмети фрлаат остри сенки на Сончева светлина, а тоа го докажал со помош на мрачната комора (camera obscura). Поставувајќи три ламби да горат надвор, тој покажал дека се појавуваат три слики на ѕидот отспротива во внатрешноста. Кога на едната патека ја ставил раката, сликата на ѕидот исчезнувала. Тој можел да ја “фати” сликата на секој дел од правата линија меѓу дупката и ѕидот, па било логично дека светлината што ја создава сликата се движи праволиниски. Тој напишал: “ Светлината што влегува јасно може да се види на правот што го има во воздухот”. Потоа направил пренослива “ мрачна соба” во облик на шатор, што ја носел на патувања. Нема сомневање дека подвижните слики ги оставале без здив сите што имали можност да ги видат. Влијателната книга на Алхазен, Книга за оптиката, останала најдобар учебник на оваа тема сè до периодот на Исак Њутн, 650 години подоцна. Алхазен пишувал и за други области, од астрономија до психологија. Се обидел да објасни зошто Сонцето и Месечината изгледаат поголеми кога се поблиску на хоризонтот отколку кога се високо на небото. Покажал дека самракот завршува кога Сонцето е 19 степени под хоризонтот и проценил дека висината на Земјината атмосфера е 11 км. Тој го проучувал привлекувањето меѓу масите и забрзувањето како резултат на гравитацијата. Дури и тврдел дека телото ќе остане неподвижно или ќе се движи со постојана брзина освен ако на него не дејствува некоја надворешна сила; 650 години подоцна ова станал Њутновиот прв закон на движењето. Покрај овие достигања, Алхазен бил пионир на научниот метод, основа на современите научни истражувања.
Научен метод
уредиАЛхазен се смета за основоположник на научниот метод Методот или процесот почнува со опсервација, што се формулира во исказ на проблемот што треба да се реши. Следува предлог на решенија, познат како работна хипотеза. Таа се проверува во експериментот, а би било идеално да го предвиди очекуваниот резултат. Ако е успешна, хипотезата може да прерасне во теорија; во спротивно, потребна е втора работна хипотеза и правење нови експерименти. Кога проблемот ќе се реши, се пишува и се објавува трудот. Алхазен ги истражувал оптичките одлики на стаклото и открил дека варира односот меѓу аглите на паѓање и на прекршување; вистинскиот однос го утврдил Санел 600 години подоцна. Алхазен ги проучувал огледалата и простите леќи, утврдувајќи ја нивната моќ за зголемување. При набљудувањето на предметите во близина, конвексната леќа создава зголемена вистинска слика, а конкавната леќа создава намалена виртуелна слика. Алхазен починал во Каиро во 1039г. Во чест на неговите многубројни и разнородни достигања, според него биле наречени еден кратер на Месечината и еден астероид, а неговиот лик се наоѓа на ирачките банкноти.
Мрачна комора
уредиМрачната комора или камера опскура (лат. camera obscura) “мрачна соба”. Во наједноставен облик, таа претставува мрачна соба со мала дупка на едниот ѕид и со бел ѕид спроти него. светлината од надворешниот свет влегува низ дупката и создава слика на спротивниот ѕид. сликата е свртена наопаку бледа, иако може да се засили со зголемување на дупката и вметнување на соодветна леќа за фокусирање на светлината што доаѓа. Фотоапаратот без леќи (со дупче) е мала верзија што може да се употреби за фотографирање. современиот фотоапарат е нејзин непосреден потомок, со леќа наместо дупче.
Временска одредница
уреди- 965г Абу Али ал-Хасан ибн ал-Хајтам, чие име обично се наведува како Алхазен, е роден во Басра, во тој период дел од Буидска Персија, а денес Ирак.
- 1011г. Заминал во Египет да изгради брана на Нил, што претходно му го предложил на калифот Ал-Хаким би-Амр Алах, не знаејќи за големината на реката. Сфаќајќи дека не може да го премости Нил и плашејќи се да не биде погубен поради поразот, тој се преправал дека полудел.
- 1011-1021г. Бидејќи калифот го ставил во домашен притвор, тој го користел времето да продолжи со истражувања и ја напишал Книга за оптиката во текот на десетте години заробеништво.
- 1021г. Калифот ал-Хаким би-Амр Алах умрел.
- 1021г. Се смета дека таа година Алхазен отпатувал во Шпанија за унапредување на знаењата кај шпанските Маври.
- 1025-1028г. Во овој период Алхазен ја објавил Апории против Птоломреј, во кои ги утврдил грешките и контрадикциите во списите на Птоломеј за науката, астрономијата и математиката.
- 1027г. Алхазен дал оставка како државен чиновник за да може да се посвети на научни истражувања
- 1037г. Се вратил во Египет и во Каиро го посетувал универзитетот Ал-Азхар и Куќата на знаењето (Дар Ал-Хекма). Каирската библиотека е втора во светот, веднаш по библиотеката ви Багдад.
- 1038г. Ја објавил Модел на движење на секоја од седумте планети, од Птоломеј прв модел на Сончевиот Систем што почивал на радикални идеи. Н пример, тој тврдел, прв во науката, дека Земјата се врти околу сопствената оска.
- 1039г. Умрел во Каиро на 74 години. Во животот составил повеќе од 200 списи, од кои на денешниот свет му се познати речиси стотина. Има 50 трудови за математиката, 23 за астрономијата, 14 за оптиката, додека другите се за медицината. Голем број трудови се изгубени.
Наводи
уреди- ↑ Оконор, Џон Џ.; Робертсон, Едмунд Ф., „Abu Ali al-Hasan ibn al-Haytham“, Архив „Историја на математиката“ на MacTutor, Универзитет Сент Ендрус.
- ↑ Charles H Carmanx; John Hendrix, уред. (2012). „2: Classical optics and the perspect+ivae traditions leading to the Renaissance“. Renaissance Theories of Vision. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 11. ISBN 9781409486510.
- ↑ Anne Rooney (2012). „Ibn Al-Haytham“. The History of Physics. The Rosen Publishing Group. стр. 39. ISBN 9781448873715.
- ↑ David B. Baker, уред. (2012). The Oxford Handbook of the History of Psychology: Global Perspectives. Oxford University Press. стр. 449. ISBN 9780195366556.
- ↑ 5,0 5,1 Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.
Надворешни врски
уреди„Алхазен“ на Ризницата ? |
- Langermann, Y. Tzvi (2007). „Ibn al‐Haytham: Abū ʿAlī al‐Ḥasan ibn al‐Ḥasan“. Во Thomas Hockey; и др. (уред.). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. New York: Springer. стр. 556–7. ISBN 978-0-387-31022-0. (PDF version)
- Sabra, A. I. (2008) [1970–80]. „Ibn Al-Haytham, Abū ʿAlī Al-Ḥasan Ibn Al-Ḥasan“. Complete Dictionary of Scientific Biography. Encyclopedia.com. Надворешна врска во
|=
(help)