Елијас Магнус Фрис
Елијас Магнус Фрис (шведски: Elias Magnus Fries; 15 август 1794 – 8 февруари 1878) — шведски миколог и ботаничар, наречен „Линеј на микологијата“.[1] Опишал стотици видови габи и лишаи, и им ги дал нивните научни имиња.
Елијас Магнус Фрис Elias Magnus Fries | |
---|---|
Роден(а) | 15 август 1794 Фемше, Смоланд, Шведска |
Починал(а) | 8 февруари 1878 Упсала | (возр. 83)
Полиња | мидсмикологија, ботаника |
Установи | Лундски универзитет (1814–1834), Упсалски универзитет (1834–1878) |
Образование | Лундски универзитет |
Познат по | основач на современата таксономија на габите |
Влијание од | Гете |
Поважни награди | Странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките |
Авторска кратенка (бот.) | Fr. |
Живот
уредиРоден е во селото Фемше, Смоланд како син на тамошниот свештеник.[2] Посетувал училиште во Векше.
Благодарение на татко му се стекнал со огромно познавање на цветните растенија.[3] Во 1811 г. се запишал на Лундскиот универзитет[3] и во 1814 г. ги завршил докторските студии. Истата година станал доцент по ботаника. Бил избран за член на Кралска шведска академија на науките, а во 1824 г. станал професор. Во 1834 г. ја презел Боргстремовата катедра[3] (Borgströmianska professuren) по применета економија на Упсалскиот универзитет (од 1851 г. „професор по ботаника и применета економија“). Во 1849 г. Бил избран за странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките.[4] Истата година бил назначен и за директор на of Ботаничката градина на Упсалскиот универзитет. Во 1853 г. станал ректор на универизтетот.[5]
Најважни негови дела се тритомниот „Миколошки систем“ (Systema mycologicum, 1821–1832), „Попис на габите“ (Elenchus fungorum, 1828), двотомната „Монографија за опнестите габи на Шведска“ (Monographia hymenomycetum Sueciae, 1857 и 1863) и „Опнести габи на Европа“ (Hymenomycetes Europaei, 1874).[6]
Фрис заедно со Кристијан Хендрик Персон се смета за основоположник на современата таксономија на печурките. Во неа бил повлијаен од Гете и германските романтичари. Се водел според бојата на спорите и распоредот на хименосфорот (пори, реси, запци итн.) како главна таксономска особина.[7][8]
Дела
уреди- Monographia Pyrenomycetum Sueciae (1816)
- Systema mycologicum (1821)
- Systema orbis vegetabilis (1825)
- Elenchus fungorim (1828)
- Lichenographia europaea reformata (1831)
- Epicrisis systematis mycologici: seu synopsis hymenomycetum (1838)
Семејство
уредиСин му Теодор Магнус Фрис се истакнал како ботаничар, лихенолог и арктички истражувач. Внуците Теодор Кристијан Елијас Фрис и Роберт Елијас Фрис станале значајни ботаничари.
Наводи
уреди- ↑ Bevan, R.J. (1981). „Aspects of mycological history“. Bulletin of the British Mycological Society. 15: 20–25. doi:10.1016/S0007-1528(81)80003-X.
- ↑ „Fries, Elias Magnus“. Nordisk Familjebok. 8 (2. изд.). 1908. стр. 1393–1397. Посетено на 3 септември 2010.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 11 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 229.
- ↑ „Book of Members, 1780–2010: Chapter F“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 15 септември 2016.
- ↑ „Fries, Elias Magnus (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.
- ↑ Gulden, Gro; Eckblad, Finn-Egil (2007). „Elias Magnus Fries“. Во Henriksen, Petter (уред.). Store norske leksikon. Oslo: Kunnskapsforlaget. Посетено на 27 март 2009.
- ↑ „Elias Magnus Fries (1794 - 1878) - a brief biography“. First Nature. Архивирано од изворникот 16 јуни 2015.
- ↑ „Elias Magnus Fries“. Encyclopedia.com. 18 мај 2018.
- ↑ Biographical Index of Former Fellows of the Royal Society of Edinburgh 1783–2002 (PDF). The Royal Society of Edinburgh. јули 2006. ISBN 0-902-198-84-X. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јануари 2013. Посетено на 14 јуни 2016.
- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Елијас Магнус Фрис“ на Ризницата ? |
- Дела од или за Елијас Магнус Фрис на Семрежниот архив
- За Елијас Магнус Фрис во печуркарски часопис
- Наследници на здружението „Елијас Фрис“